Новости

Влегуваме во последните две недели од големиот пост, пред Велигден не очекуваат овие значајни празници

Ова се обичаите...

Ова е четвртата недела или Глувата недела на Великиот пост, која според правилата а христијанството треба да се поминат во строга тишина и покајание.

фото илустрација

Следува шестата недела од постот, која се нарекува Цветна недела, а по неа доаѓа последната недела од постот – Страсна седмица.

фото илустрација

Цветната недела на Великиот пост е именувана по празникот Цветници и го означува влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим, а како што вели традицијата, тој влегол на магаре и бил опсипан со цвеќиња и палмини гранки, па оттука и името – цветна.

фото илустрација

Цветници, исто така, ја има симболиката на растенијата и цвеќињата, како и расцутот и процутот на природата.

Оваа недела се советува православните христијани да го поминат постот во молитва и покајание и на тој начин да си ја зајакнат душата. Според верувањата, ништо што цвета не треба да се сее пред празникот бидејќи нема да има плод.

фото илустрација

Последната недела од Великиот пост

Последната недела од Великиот пост се нарекува Света седмица и се поминува во строг пост, тишина и мир. Во последната недела од Великиот пост се подготвуваме за големиот христијански празник Велигден.

фото илустрација

За секој нејзин ден во богослужбените книги се зборува како за голем (велик) и свет, и во секој од нив, во сите цркви се извршуваат посебни богослужби.

фото илустрација

Црквата пропишува во првите три дена на Страсната седмица на часовите да се читаат сите четири Еванеглија, до местото каде што започнуваат Христовите страданија.

фото илустрација

А Старозаветните читања се земаат од Втората книга Мојсеева, од Јов и од пророците. Може да се каже дека како општа тема на првите три дена од Страсната седмица се јавуваат крајот на светот и Христовиот Суд.

фото илустрација

Благовештение

Првиот празник што не очекува е Благовештение, кое секогаш се паѓа на 7 април. Празникот Благовештение е посветен на средбата помеѓу Богородица и Архангел Гаврил кој и рекол дека ќе го роди Спасителот на човечкиот род.

фото илустрација

Лазарова сабота

Лазарова сабота или Врбица се празнува на 8 април, а се верува дека на тој ден Исус Христос го воскреснал Лазар. Врбица секогаш се празнува во сабота, ден пред Цветnici, една недела пред Велигден. На овој ден во православните храмови попладне се служи вечерна богослужба, а во црквата се внесува штотуку излистана врба.

фото илустрација

Цветници

На овој празник обичај е да се плетат венци од врбови гранчиња и цвеќиња, кои се чуваат во куќата за здравје и благосостојба.

Велики Четврток, Велики Петок, Велики Сабота

Три дена пред празникот Велигден се поминуваат во строг пост, Велики четврток на масло, а Велики петок и Велика сабота на вода. Пред Велигден се бојадисуваат јајца, а во црквите се служат литургии.

фото илустрација

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close