Дом и семејство

Вистински татко не е тој што плаќа сметки и купува подароци, туку оној кој го става семејството на прво место!

Таткото е тој кој го држи семејството заедно

Вистински татко не е оној кој заработува доволно пари за да им купи скапи подароци на својата сопруга и на децата, кој своето отсуство сака да го надополни со материјални работи.

Добар татко не е оној кој сопругата или децата ќе ги носи на летни и зимски одмори, туку оној кој ќе поминува време со нив без разлика каде се.

 

 

Вистински татко не е оној кој заработува доволно за да го испрати своето дете во елитно училиште или колеџ и да ги плати сметките.

Вистински татко е оној кој го става семејството на прво место.

Иако додека се мали, децата се радуваат на се она што тој ќе го направи, купи, донесе за нив, сепак кога ќе пораснат сфаќаат дека таткото, неговата љубов и поддршка е она што им недостасува.

 

 

Вистински татко е оној кој е секогаш тука за своето семејство.

Оној што не се откажува веднаш по првиот проблем. Оној кој не го остава своето семејство да се справи само со проблемите. Оној кој не се откажува од семејството со тврдење дека дал се од себе и дека не може да стори ништо повеќе за да го одржи семејството заедно.

 

 

Вистински татко е оној кој е подготвен да вложи време и труд во своето семејство дури и кога е уморен и кога ќе се најде надвор од сопствената зона на удобност.

Вистински, добар татко е оној кој дава вистински пример за тоа како треба да се третираат жените. Оној кој се однесува кон  неговата сопруга со почит, љубезност, дарежливост и достоинство.

 

 

Вистински татко кој го сака своето семејство е оној кој ги учи своите деца на љубезност, трпеливост, искреност и лојалност. Оној кој никогаш не лаже или манипулира со своето семејство или некој друг. Оној кој ги учи своите деца како да градат односи што се засноваат на доверба и почит.

 

 

Вистински посветен татко е оној кој ги учи своите деца на значењето на правилното, искрено однесување.

Оној кој никогаш не би ги нарекол сопругата или децата „бескорисни“, „неспособни“, „слаби“ или „глупави“.

 

 

Оној кој никогаш не би си дозволил да ги изгуби нервите и да направи семејството да се чувствува загрозено.

Вистински татко е оној кој му покажува на своето семејство како изгледа чистата среќа и задоволство. Оној кој е најзадоволен кога знае дека неговите деца се среќни.

 

Вистински татко посветен на своето семејство е оној кој никогаш не дозволува неговите проблеми да ја украдат среќата на неговите деца.

Оној кој, колку и да е незадоволен од сопствениот живот, никогаш не дозволува своите деца да го приметат тоа и да се чувствуваат неудобно.

 

 

Вистински татко е оној за кого неговите деца со гордост можат да кажат: „Тој е мојот пример, мојот најдобар пријател, мојот ментор и мојот тренер. Тој е мојот татко. “

Навистина, да се има таков татко е вистински благослов.

Извор: Lolamagazin.rs

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close