Новости

ВИДЕО: Некогаш свиреа на улиците во Белград, денес се светски познати музичари и живеат во Виена- Еве како изгледаат!

Браќата Пилер доживеаа голем успех надвор од границите на Србија

Денеска тие се светски познати музичари,  The Pillers нижат бројни награди, а пред десет години, беа само млади улични музичари  кои свирејќи на „Кнез Михајлова“ се прославија во Србија, а во 2010 година  успеаа да ја однесат победата на натпреварот „Јас имам талент“ и освоија 100.000 евра.

Веќе една деценија тие живеат во Австрија каде се преселиja со своите родители непосредно по победата, која всушност им ги отвори вратите надвор од границата на Србија.

 

Пилерс си направија свое гнездо во Виена а неодамна купија и плац на кој наскоро ќе започнат да градат импозантна куќа, додека наградите се нижат ред по ред.

– Неодамна купивме плац на кој планираме да изградиме куќа од 560 квадратни метри. Се наоѓа на 15 километри од центарот на Виена и има седум хектари. Планот за нашиот нов дом е готов, само чекаме одобрение за градба. За парцелата потрошивме приближно 200.000 евра. Јас и мојот брат  Даниел сакаме да останеме под ист покрив со моите родители и нашите семејства – вели  Дарко Пилер за „Блиц“.

Дарко откри дека тој и неговиот брат Даниел во меѓувреме се остварија и во улога на татко.

Она што јавноста не го знае е дека Даниел и јас станавме родители. Даниел и неговата сопруга Снежана имаат две ќерки Санела и Нада, мајка ми се вика Нада, па јасно ви е како девојчето го доби своето име, таа е родена на денот на роденденот на нејзината баба. Што се однесува до мене, јас имам син Архангел, со сопругата Тамара, кој го доби името по нашата слава, Архангел Михаил. Сега очекуваме и девојче кое наскоро треба да се роди. Ние само што го прославивме првиот роденден на нашиот син. Всушност, не сакавме ни да ја криеме оваа добра вест, но сепак не зборуваме многу за приватноста особено не за децата.

 

Додека чека да се роди неговата ќерка, Дарко вели дека не планира да има повеќе наследници, но се шегува на сметка на неговиот брат велејќи дека поради тоа што има две ќерки мора да се потруди да добие и свој наследник.

 

Дарко вели дека напорно работат и секое слободно време го користи за вежбање и откри дека во Виена работат како солисти во воен оркестар. Тие станаа трикратни светски шампиони во камерна музика, сето тоа благодарение на нивните големи напори:

 

– Се преселивме во Австрија во 2011 година, јас и брат ми завршивме музички конзерваториум, сега сме вработени како солисти во воен оркестар.
Свириме солистички концерти со австрискиот оркестар, навистина многу вежбаме, се трудиме и работиме напорно, одиме на натпревари. Тука е исто како што беше и во Белград, дисциплинирани сме, музиката е многу важна за нас.

 

Дарко потврди дека чувствува носталгија по своето родно место, но дека често го посетуваат Белград. Вели знае да пушти народна српска музика кога ќе почувствува носталгија кон својот крај.

Инаку денес нивната сестрa Сандра која заедно со нив свиреше на улиците во Белград, се занимава со шминкање.

 

– Сестра ми не е со нас во домот, живее во друг стан и се занимава со женски работи, шминка. Засега таа се откажа од виолината, заклучи Дарко.

(novi.ba)

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close