Дом и семејство

Важеа за најхармоничниот пар а сега Новак призна се: Најмногу се расправам со Јелена!

Тенисерот не крие дека таа му е најголема поддршка...

Јелена и Новак Ѓоковиќ важат за еден од најхармоничните парови. Имено на познатиот тенисер покрај спортските успеси добро му оди и на личен план. Тој од 2014 година е во среќен брак со Јелена со која има две деца Стефан и Тара.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

Тој во интервју за магазинот Hello искрено проговори за односот со сопругата која, како што вели, најдобро го разбира во тешките моменти.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

– Таа е мојот најголем поддржувач! Таа е способна, амбициозна и силна. Но, најмногу се расправам со неа. Не и наредувам, затоа што ако сакам да го правам тоа, ќе бев во војска. Само се расправаме, но најслатко е кога ќе се смириме.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Ѓоковиќ вели дека негов најголем мотив за успех била сликата што ја имал во главата, а тоа е дека синот Стефан и ќерката Тара го гледаат додека тој гордо го крева трофејот.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

-Најемотивниот момент во кариерата и животот ми се случи на Вимблдон во 2018 година. Стефан имаше неполни пет години, а децата до пет години не смеат да го следат натпреварот во живо, па го донесоа само на крајот. Ме гледаше со трофејот! Тој аплаудираше, па се виде на екранот и рече: „Ене го Стефан!“ Никогаш не сум се чувствувал поисполнет – призна познатиот тенисер.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Инаку неодамна и познатата пејачка Милица Павловиќ имаше само пофални зборови за сопругата на Ѓоковиќ

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Иако многумина шпекулираат за тоа каква личност е всушност Јелена Ѓоковиќ, сега пејачката ја откри вистината.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Јелена Ѓоковиќ и Милица се први сосетки откако живеат во истиот елитен белградски станбен комплекс.
Тие со текот на времето се зближија, па не е чудно што пејачката беше избрана да придонесе со својата позната енергија на свадбата на братот на Ноле, Ѓорѓе Ѓоковиќ, која се одржа летово.

Фото Инстаграм/ Милица Павловиќ

Така тие две подобро се запознале а пејачката била поласкана што настапила на еден ваков важен настан за семејството Ѓоковиќ.

Фото Инстаграм/ Милица Павловиќ

– Многу ми е драго што бев дел од таа убава приказна и верувајте првите две песни се преправав дека сум дама. Подоцна толку многу уживав и си поминав како да не сум дошла да пеам – рече Милица и потоа одговори на прашањето што мисли за сопругата на Новак Ѓоковиќ.

фото Инстаграм/Милица Павловиќ

-Кога дојдов во Белград, пријателите ме прашаа каква е Јелена. Она што можам да го споделам со вас е дека жената има некаква енергија што не можете да ја игнорирате, многу специфична, пријатна, но… многу ми се допаѓа – изјави Милица за Блиц.

Фото Инстаграм/ Милица Павловиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close