Кафе муабет
Брена цели 17 години се бори со оваа подмолна болест- пејачката во паника, се сомнева на најлошото
Болеста се вратила...
Многумина не знаат дека Лепа Брена веќе 17 години се бори со тромбозата која успешно ја држеше под контрола.
Летово одржа голем број концерти, а неодамна го промовираше и својот бренд на хулахопки.
Но, сега една од најголемите музички ѕвезди на Балканот се сомнева дека болеста повторно се вратила.
Брена е позната и како личност која многу внимава на своето здравје и исхрана, а на 61 година има совршено витка линија и изгледа помладо десетина години. И покрај тоа, таа во последните години се соочува со сериозни здравствени проблеми.
-Боба многу се изнервира кога Брена му кажа дека се сомнева дека се вратила тромбозата. Веднаш го повикал докторот кој ја оперирал и закажал нов преглед. Тој и рекол на Брена дека не смее да чека ниту еден ден и дека мора што поскоро да оди на преглед бидејќи не би издржал да ја изгуби, вели извор близок до семејството, а пренесува Папарацо.
Секој знае дека тромбозата е многу подмолна болест, па затоа треба да биде внимателна.
– Свесна е дека тромбозата е тешка болест и дека до сега успеала да ја држи под контрола, но тоа е подмолно заболување. Нов тромб може да се формира за неколку секунди и да предизвика хаос. За неа многу се исплашил и синот Виктор, заклучува изворот.
Да потсетиме, Лепа Брена во една прилика откри дека има тромбофилија поради која останала неподвижна 12 дена, а признала и дека подоцна повторно го загрозила своето здравје. Пејачката раскажа како останала без здив на настап на кој не пиела многу вода, а во еден момент забележала дека нејзината рака е виолетово-сина.
Тромбозата и се вратила во 2005 година, а Брена вели дека таа е самата виновна. После тоа решила да го промени начинот на живот.
– Целосно го променив начинот на исхрана. Се свртев кон храна богата со омега три и омега шест масни киселини, месо без свинско и јагнешко, сè готвам во вода и на пареа, а лебот целосно го исфрлив. Јадам овошје и зеленчук, а исто така сакам да пијам вино една до две чаши. Целата оваа моја приказна стана многу умерена, не смеам да се прејадам, но не смеам да бидам ниту гладна. Сакам да пливам, да пешачам, но и да вежбам јога, објасни пејачката која на секој начин се грижи за своето здравје откако ѝ беше поставена дијагнозата.
Инаку семејството е особено загрижено и за здравјето на Боба.
Виктор Живојиновиќ, синот на Боба Живојиновиќ и Лепа Брена, наводно е многу загрижен за здравјето на својот татко, поранешниот легендарен тенисер.
Причина за тоа е зголемената телесна тежина на Боба, која во согласност со тоа што поранешниот тенисер премногу работи на проширување на семејната империја, може да му направи опасни проблеми , пишува магазинот „Свет“.
Најмладиот син на Боба Живојиновиќ, кој претходно и самиот имаше проблем со килограмите е многу загрижен за својот татко.
– Виктор ја наследил генетиката на својот татко, лесно се дебелее, но благодарение на силната волја успеа да ослабне и сега изгледа совршено. Се храни здраво, алкохолот го сведе на минимум при излегување, а редовно тренира. Тој често го задева својот татко за неговиот голем стомак и му вели дека треба да ослабе. Тој му вели дека ќе си го уништи здравјето, дека мора да се грижи ако сака долго да живее, но и дека мора да мисли на членовите на семејството. Боба, пак, не се грижи премногу – раскажува за „Свет“ пријател на семејството Живојиновиќ и додава дека и синот на Боба Живојиновиќ се грижи што тој не ги сфаќа сериозно предупредувањата.
– Кога зборуваат за исхрана, за тоа што лекарите велат за дебелината, за ризикот од сало околу половината, Боба се смее, а понекогаш и се нервира и им пререкува или ја менува темата. Брена се храни беспрекорно, но менито не може да го прилагоди на Боба бидејќи тој е голем гурман и исклучително добар готвач, па подготвува оброк што тој го јаде . Дури и некои професионални готвачи не му се ни до колена. Човекот е виртуоз во кујната и сите нивни пријатели едвај чекаат да ги покани на вечера. И колку сака да готви, толку ужива да јаде – објаснува за „Свет“ семеен пријател.