Кафе муабет
Бремената Георгина замина на Северниот Пол- се пофали со бајковити фотографии!
Сцени како од бајките...
Бремената свршеница на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез замина на заслужен одмор со децата а се пофали со низа фотографии.
Поради натпреварите и тренинзите, Роналдо овојпат не е со нив, а младата Аргентинка, која моментално е бремена со близнаци, ги однесе децата, ни помалку ни повеќе, на Северниот пол, а фотографиите со фотографиите кои ги објави на својот Инстаграм таа ги почести обожавателите со вистинска зимска идила.
На последните фотографии децата уживаа во друштво на Дедо Мраз, а претходно објавија фотографии на кои среќното семејство храни елени, се санка, се дружат покрај огнот…
Убавата Георгина собра над 3 милиони лајкови од последните две објави од Северниот пол и доби бројни комплименти во коментарите.
Инаку Георгина Родригез со години е во центарот на вниманието, со совршени модни детали и изјави за мајчинството, а никој немаше да чуе за неа доколку не беше со Роналдо.
Атрактивната Аргентинка знае апсолутно како да привлече внимание, но и како да заработи. За една објава на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 17 милиони луѓе, зема околу 8.000 евра.
Дополнително, Роналдо секој месец и дава „џепарлак“ од 100.000 евра, а исто толку бара од бројни медиуми кои сакаат да направат интервју со неа. Сега се бања во пари, а ретко зборува за тешкото детство.
Георгина го поминала своето детство во шпанскиот град Хака во планинскиот регион, каде што нејзиниот татко работел како фудбалски тренер. Меѓутоа, тој барал дополнителен приход па набрзо бил осуден за трговија со др-ога и вкупно 10 години поминал зад решетки.
Растејќи, Георгина активно се занимаваше со танц – што е нејзина прва љубов од четиригодишна возраст.
„Не бев многу убаво дете. Сигурно не бев најубава во класот, бев нормална. Танцот ме научи на дисциплина, но и љубов кон уметноста“, рече таа во една прилика, додавајќи дека со текот на годините почнала да сфаќа дека е убава и има одлично тело и дека лесно може да стане фотомодел.
Но, она што малкумина го знаат за убавата Георгина е нејзиниот љубовен живот пред Роналдо.
Оваа аргентинска убавица има голема средношколска љубов. Беше лудо вљубена во момче по име Чави, кој стана популарен кога учествуваше во шпанско реално шоу. Токму во тоа реално шоу откри дека е во врска со Георгина.
Таа и Чави беа заедно во средношколските денови, а раскинаа во 2011 година. Таа потоа се преселила во Мадрид, каде го запознала Роналдо.