Кафе муабет
Беше во брак со најголемиот фраер: Овој фудбалер беше најголема љубов на Лидија Вукичевиќ, со кого има два сина
Во брак беа девет години...
Актерката Лидија Вукиќевиќ го крие приватниот живот далеку од очите на јавноста, но она што е познато е дека убавата актерка зад себе има брак во кој роди два сина.
Таа никогаш не зборуваше премногу на темата брак ниту додека девет години беше сопруга на Митар Мркела.
Во времето кога се венчаа, во 1991 година, таа беше ѕвезда на серијата „Бољи Живот“, а тој беше еден од најдобрите фудбалери, па не е чудно што медиумските рефлектори од регионот беа насочени кон нив.
Андреј тргнал по стапките на својот татко и станал фудбалер, а Давид дипломирал на Академијата за пилоти во Вршац.
И двајцата израснаа во добро воспитани, добро образовани момчиња.
Митар Мркела, денес е спортски директор на „Црвена звезда“, а со новата избраничка Олгица, во 2013 година го доби синот Душан, кој синовите од првиот брак со љубов го прифатија. Лидија не ни размислува за нов брак.
Во една прилика, Лидија откри како ги воспитувала своите синови.
– Бев строга во времето кога требаше да бидам таква. Знаеја дека ќе добијат мал удар по задникот кога ќе го заслужат тоа. Не можам да поднесам разгалени деца кои сакаат се. Затоа, ги научив синовите да бидат разумни. Понекогаш не може да се исполнат сите очекувања. Јас сум секогаш надзорно тело во куќата. Морам во секое време да знам каде се и што прават. Имам апсолутна контрола и над едниот и другиот син – објасни Лидија.
Лидија Вукичевиќ неодамна во емисијата „Магазин ин“ зборуваше за фактот дека, покрај воспитувањето и генетиката влијае врз формирањето на личноста.
– Меѓутоа, без разлика колку е важно воспитувањето, постои генетиката на која не можете да влијаете. И тогаш целиот напор паѓа во вода кога гледам дека наследиле нешто од мене или од мојот поранешен сопруг-рече Вукичевиќ, а потоа се осврна и на таткото на нејзните синови:
– Ми пречи кога ќе препознаам нешто лошо што го наследиле од мене, но повеќето лоши особини ги наследиле од својот татко – рече низ смеа актерката.