Кафе муабет
БАРБАРА СЕ ОГЛАСИ ПО СКАНДАЛОТ: Откри што се случило претходната вечер, кажа само една реченица
Прозборе вереницата...
Фолкерот Дарко Лазиќ е приведен откако сообраќајната полиција открила низа прекршоци кога пресретнувач околу четри часот утринава го запрел на автопатот во Нов Белград.
Во оваа прилика се огласи и неговата избраничка, пејачката Барбара Бобак, која истакна дека претходната вечер не била со Лазиќ.
-Не бев со Дарко синоќа, па не можам ни да коментирам ништо. Кога ќе го слушнам и видам, кога ќе разговараме, ќе можам да ви кажам повеќе. Ви благодариме на разбирањето – изјави Барбара за Pink.rs.
Инаку како што дознаваат српските медиуми, а и според снимките кои осамнаа на социјалните мрежи
пејачот Дарко Лазиќ бил на роденденска забава во ресторан во главниот град со боксерот Марко Николиќ пред да биде уапсен поради пребрзо возење на автопат.
Судејќи по снимките кои се појавија на социјалната мрежа Инстаграм, веселото друштво славеше цела ноќ, а Дарко, секако, се фати за микрофонот. На едно видео се гледа и како пие.
Боксерот Марко Николиќ накратко откри дека нема замерки за однесувањето на Лазиќ.
– Дарко се однесуваше како вистински џентлмен. Седеше, пееше и се радуваше, а не знам дали се дрог-ирал. Секој треба да си го води животот – рече Николиќ.
Да потсетиме, пејачот е приведен откако сообраќајната полиција открила прекршок кога пресретнувач околу четри часот го запрел на автопатот во Нов Белград. Како што било утврдено, пејачот со автомобил „голф“ возел со 117 километри на час на местото каде што максимално дозволеното е 80 километри на час. Направил и тест за дрога, како и алкотест, кој покажал дека е позитивен на кок-аин, а му биле измерени 0,91 промили алкохол во организмот.
Неговиот брат Драган Лазиќ раскажа дека дознал за апсењето на пејачот од пријател.
– Се уште никој не ме известил дека Дарко е во полиција. Не знам што се случува, но луѓето ми се јавуваат. Немам поим што направил бидејќи се уште не сме се слушнале – изјави Драган.
Да потсетиме, Дарко Лазиќ утрово околу четири часот е уапсен во Нов Белград поради пребрзо возење и затоа што во крвта му биле пронајдени 0,91 промили алкохол при што било утврдено дека конзумирал кокаин.