Кафе муабет

Барбара Бобак со шокантна исповед: Конечно призна се за врската со Лазиќ- поради Дарко заврши на психијатар

Не можеше повеќе да молчи...

Иако долго време Барбара Бобак молчеше за раскинувањето на врската со Дарко Лазиќ, младата пејачка сега реши да проговори и откри некои непознати детали од врската со фолкерот.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Дарко Лазиќ по раскинувањето со Барбара Бобак започна врска со извесна Катарина, која ја претстави во јавноста и откри дека се познаваат 13 години.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Барбара изјави дека го „избришала“ од својот живот, поранешното момче Дарко Лазиќ, а сега откри како се чувствувала по нивното раскинување.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

„Да не бев со Дарко, денеска немаше да седам во оваа емисија, можеби ќе дојдев за три години. Таа врска ми помогна. Бев во врска со него затоа што ми се допадна тој човек, а каква врска беше тоа, тоа е веќе друга работа. Не сакам да лажам, но добро е што преку него влегов во медиумите, а сега како го платив тоа, е само моја работа. Бев заљубена и го сакав, но не сакам да се зборува дека со Дарко сум била од корист“, изјави на почетокот Барбара.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

Сепак, Барбара признава дека изгубила многу пријатели поради врската со Лазиќ и дека по раскинувањето морала да побара стручна помош за да ги доведе работите во ред .

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

„Многу луѓе ме продадоа поради врската со Дарко, но им благодарам што ме натераа да сфатам какви се. Таа врска беше нефункционална и не издржавме бидејќи љубовта не е единственото нешто што е важно во врската. Најмногу ми пречеше неговото однесување кон мене. Не би се навраќала на тоа бидејќи сето тоа го решив со професионални луѓе. Отидов на психотерапија и уште одам. За да не ме уништи сето ова, посетувам терапевт со кој разговарам за се што ми се случува. Јавниот живот не е лесен, ја напуштив комфорната зона, но не се жалам, и одам на терапија за да не се изгубам“ призна Барбара.

Фото Инстаграм/ Барбара Бобак

Дарко призна дека сите ги изневерувал со сегашната девојка

Дарко Лазиќ кој е познат по своето бурно минато и љубовните интриги, моментално ужива во врската со Катарина.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Имено тој во неколку наврати истакна дека е среќно заљубен и дека таа е вистинската жена за него.
Фолкерот неодамна во ексклузивна исповед проговори за тоа колку долго се познаваат и дека ги изневерувал сите поранешни партнерки со неа!

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Дарко вели дека никогаш не прекинал контакт со Катарина, иако бил со други жени.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Катарина и јас се знаеме 13 години, одамна бевме во врска и секогаш се почитувавме. Бевме во контакт, се гледавме, пиевме пијачка, па таа е секогаш во мојот живот. Всушност, никогаш не ја заборавив Ката, само раскинавме затоа што не беше вистинското време за нас. Во таа смисла, секогаш ги изневерував сите други со неа. Имаше своја врска и брак, па се разведе исто како мене и зошто да не бидеме заедно? Мислам дека е подобро мажот да почека да созрее. Мислам дека штотуку поминавме се и можеме да уживаме заедно до крајот на животот – рече Дарко и продолжи:

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Имам две деца од врските со поранешните сопруги и тоа е убаво. Децата се најубавото нешто и никогаш не би поништил се од минатото иако со жените не ми успеа. Мојот живот е тоа што е, сега имам 31 година и треба конечно да се смирам.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Лазиќ тврди дека дури сега чувствува искрена љубов кон жена и дека сите негови претходни врски се случиле во период кога не бил подготвен да се посвети на вистинскиот начин.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– За прв пат се чувствувам како навистина да сум заљубен. Порано само мислев дека сум, но всушност бев незрел и не го сфачав тоа на вистински начин. Ме боли уво како бившите ќе го толкуваат тоа што го кажав. Се најдобро за нив. Така е, така е и нема да се залажувам и да им се извинувам. Кога мажот чувствува вистинска љубов, не се оправдува пред никого. Ката е постара од мене, никој од нас нема време за грешки. Не ми е гајле дали моето семејство дома ја прифаќа Ката. Тие не живеат со неа, но јас, ќе бидам искрен, сите ја сакаат. Тие ја познаваат исто колку и јас и сите ни се ветер во грб – вели пејачот.

фото принтскрин/Курир.рс

Катарина исто така проговори за пејачот и истакна дека не и пречи ниту минатото, ниту пороците кои ги има одвреме-навреме и тврди дека во последно време се променил на подобро.

фото принтскрин/Курир.рс

– Дарко ми е ист како и кога се запознавме, но созреа и се промени во таа смисла. Не се плашев да стапам во врска со него бидејќи тоа е стара љубов. Мозок на пасење, уживам со Дарко и не ми е гајле што велат за нас луѓето околу нас. Не сум ни љубоморна на тоа што Дарко одвреме-навреме се слуша со Ана и Марина, бидејќи знам дека се е поради децата. Зошто да ми пречи? Да беа добри тие врски ќе траеа, вака ништо. Не се плашам дека некогаш ќе се врати кај некоја од нив. Моето семејство го знае одамна, сите го сакаат и никој никогаш не кажал лош збор за него, исто како неговото семејство дома за мене. Тоа доволно говори за почит – рече таа.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close