Кафе муабет

Барала од него да го смени брачниот кревет на кој спиел со поранешната сопруга: Откриени детали за врската на Огњен Амиџиќ и дваесет години помладата колешка

Тој започна врска со колешката Мина...

Водителот Огњен Амиџиќ, минатата година се разведе од сопругата Данијела Димитровска, а пред извесно време во медиумите излезе веста дека тој започнал врска со својата колешка, Мина Наумовиќ.

фото принтскрин

И самиот Огњен ја потврди веста но истакна дека тој и Мина не сакаат да се експонираат во јавноста.
Мина е речиси дваесет години помлада, а пред извесно време извор кој сакаше да остане анонимен тврдеше дека аферата меѓу нив започнала за време на неговиот брак со Данијела Димитровска.

фото принтскрин

‒ Мина беше во тешка депресија, плачеше поради афера со постар маж, и зборуваше дека ја привлекувале постари мажи – изјавил извор за за порталот BSC Happy.

фото принтскрин

‒ Таа рече дека тој има син, и дека и ветува дека ќе ја остави сопругата. Нивната врска не започна професионално, но Мина се обиде да се пробие во медиумите, најпрвин на порталите, но не и успеа, па Огњен ја стави да работи со него – продолжува изворот.

фото инстаграм/Мина Наумовиќ

На големо се шушка дека всушност врската меѓу убавата Мина Наумовиќ и Огњен Амиџиќ била капката која ја прели чашата за Данијела Димитровска бидејќи трае многу подолго отколку што признава новопечениот пар.

фото инстаграм/Мина Наумовиќ

‒ Кога слушнав од неа приказни за еден постар маж, за кој таа тврдеше дека никогаш не може да го именува бидејќи тоа ќе го загрози, Огњен сè уште беше во брак со Даниела и не се зборуваше за развод, барем не во тој момент. Сите тие нејзини приказни и плачење по него сигурно се случиле половина година пред неговиот развод, а може и многу подолго од тоа бидејќи ги слушав сите нејзини приказни минатото лето – истакнал изворот за порталот BSC Happy.

фото инстаграм/Мина Наумовиќ

Сега излезе веста дека Мина Наумовиќ која извесно време живее во луксузниот дуплекс на Огњен, побарала од него да го смени брачниот кревет во кој спиел со поранешната сопруга со која бил во брак десет години. Еден од условите за заеднички живот кои ги поставила Мина бил водителот да се ослободи од парчињата мебел што таа не сака да ги користи.

фото инстаграм/Мина Наумовиќ

„Мина изгледа мила, но таа е вистинска опасница“. Свесна е дека Огњен имал живот пред неа и тоа е во ред, но и пречат некои материјални работи кои ги користела манекенката, на пример брачниот кревет. Таа побара од Амиџиќ што поскоро да се ослободи од него. Таа го фотографираше новиот мебел и неодамна ја објави сликата на Инстаграм. Не беше проблем само креветот, туку и телевизорот и некои други ситници, само за да има мир во врската. Таков е Огњен, сака да угодува, а свесен е и дека колешката и избраничката му е млада, па не сака да ја насекира и да ја натера да мисли дека негува некакви чувства кон поранешната сопруга“. изјавил извор за српски „Курир“.

фото инстаграм/Мина Наумовиќ

„Важно му е само да има мир во куќата. Материјалните работи не му се проблем. На жените би им дал се. Тој е таков. Кога Даниела се преселила, го зела најголемиот дел од мебелот што го купиле заедно. Водителот и понудил на поранешната сопруга да избере дали сака да остане во станот во кој дотогаш живееле или да се пресели во нов. Таа одлучи да се пресели во нов. Но, бидејќи новиот стан сè уште не бил завршен, тој се иселил и живеел како потстанар некое време. Поранешната манекенка останала да живее во стариот стан со нивниот син до завршувањето на работите во новиот дом, кога дефинитивно се преселила“, изјавил изворот за споменатиот портал.

Фото Фејсбук/Данијела Димитровска

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close