Кафе муабет

Анастасија Ражнатовиќ ја напушта Србија: Се сели со Гудељ во овој турски град, а тој и дал само еден услов!

Среќни се заедно...

Ќерката на најголемата балканска фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија не крие дека изминативе неколку месеци ужива во љубовта со српскиот репрезентативец Немања Гудеља.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

За тоа колку е сериозна и стабилна нивната врска, неодамна истакна извор близок до парот откривајќи дека пејачката и фудбалерот планираат да започнат заеднички живот во Турција.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Имено, како што објаснува соговорникот, спортистот добил одлична понуда од фудбалски тим, а Анастасија докажала дека е негова најголема поддршка кога се согласила да се пресели на Босфор со своето момче.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Гудељ доби понуда да се пресели од Севиља во редовите на актуелниот турски шампион, тимот на Трабзон. Неговиот сегашен тим е подготвен да го продаде за огромна сума, моментално се водат преговори, а многу е веројатно дека Немања следната сезона ќе се пресели на Црното Море поради деловните обврски – ја започна приказната изворот, кој потоа откри дека со него ќе замине и наследничката на Цеца.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Немања и Анастасија се во сериозна врска и планираат заедничка иднина. Таа беше првата личност на која и кажа дека добил понуда од турскиот прволигаш и и објасни дека е многу веројатно следната година да ја напушти Шпанија. Ја прашал дали би сакала да ги спакува куферите и да замине со него. Се договориле прво да оди во Турција, а кога ќе се смири и ќе се вклопи во околината, ќе му се придружи и Таша – открил соговорникот кој истакнал дека Ражнатовиќ не планира да ја запостави музичката кариера.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Анастасија не планира да се откаже од пеењето. Свесна е дека за да напредува во работата треба многу време да минува во Белград бидејќи тука се сите нејзини колеги и кариерата најдобро ќе ја води од Србија. Исто така, таа е многу врзана за семејството, мајката, братот и внукот Жељко, а одлучила постојано да биде на релација Белград-Турција за да го поддржува своето момче, но и да продолжи со сопствениот раст. Верува дека тоа ќе биде добар тест за нивната врска, била свесна дека сериозна врска со спортист бара одредени жртви и верува дека ќе може да се снајде со тоа темпо на живот – заклучил соговорникот.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Цеца е нејзина голема поддршка

Светлана Цеца Ражнатовиќ во неколку наврати изјави дека е задоволна што нејзината ќерка Анастасија си најде момче како Немања Гудељ.

фото принтскрин

– Тој е одлично момче, како и целото негово семејство, фала богу. Најважно ми е што Анастасија е среќна и максимално ќе го почитувам секој нејзин избор и секој избор на Вељко. Нивниот приватен живот е само нивна работа и не сакам да се мешам. Ниту тие не ми се мешаа во изборите – вели пејачката и додава дека не би имала ништо против ако нејзината ќерка се пресели со Гудељ во Шпанија:

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

– Нека живее каде сака, што имам јас со тоа? Таа е возрасна, има 24 години, сама себе се издржува. Ниту Шпанија не е толку далеку, само неколку часа со авион од Белград.

фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Но сепак кога станува збор за свадба таа не ја поддржа Анастасија советувајќи ја дека е премногу млада и дека треба да посвети време на кариерата.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

– Не е паметно да се омажиш толку млада! Немања е прекрасен, не можам да кажам ниту еден лош збор за него, но не брзај со бракот. Треба прво да изградиш кариера, а како ќе успееш ако живееш во Шпанија?! Имај ќерко твое парче леб а бракот нема да ти избега – открива изворот што и рекла Цеца на ќерка си.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close