Кафе муабет
Анастасија Ражнатовиќ облече венчаница: Пејачката се мажи?- Наследничката на Цеца го кажа судбоносното “Да”?
Се фотографираше во венчаница...
Веќе се прошири веста дека Анастасија Ражнатовиќ ќе се мажи. Младата пејачка и нејзиниот избраник, фудбалерот Немања Гудељ, се во врска скоро една година, а јавноста уште од првиот момент се надеваше на крунисување на љубовта со брак и заклетва пред Бога и матичар.
Изминатиов период не можеше да помине ниту едно интервју на миленичката на Цеца а да не се зборува за свадба или барем за таква можност.
И покрај инсистирањето на медиумите, од Анастасија најмногу можеше да се слушне дека е премлада за таква ОДЛУКА.
Невеста или не Таша неодамна посети салон за венчаници, што ги збуни нејзините многубројни обожаватели.
Анастасија Ражнатовиќ се мажи беше првата мисла што им падна на ум, а воедно сите побрзаа да откријат дали е познат датумот на свадбата.
Со оглед на тоа што Таша набрзо под фотографиите го означи списанието Венчање, сите надежи на нејзините обожаватели во врска со свадбената веселба беа срушени.
Јасно е како ден дека Ражнатовиќ само позирала во улога на модел во бел фустан од тантела, а од бракот се уште нема ништо. Сепак, коментарите за нејзиниот изглед не изостанаа. Повеќето се согласија дека наследничката на Цеца еден ден ќе биде убава невеста.
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ уживаат во својата љубов, иако фудбалерот не живее во Србија, поради што пејачката често е на релација Белград-Шпанија.
Парот според фотографиите кои ги објавува младата пејачка е во добри односи и покрај сите шпекулации а фановите на Анастасија со нетрпение чекаат таа да го каже судбоносното Да.