Кафе муабет

Анастасија победник во борбата со свекрвата- ова нема да и се допадне на мајката на Гудељ (ФОТО)

Тие се заљубени како и првиот ден...

Конфликтите меѓу Анастасија Ражнатовиќ и семејството Гудељ, како што одминува времето, никако не стивнуваат, а Оливера и Вања веќе неколку месеци не ја следат потенцијалната снаа на Инстаграм.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Анастасија неодамна пристигна кај Немања во Шпанија, но не доби ниту добредојде од нејзината свекрва и золвата. Затоа следбениците на Инстаграм и фановите беа изненадени од потегот на таткото на Немања, кој неодамна покажа што мисли за својата снаа. Имено, тој и неговите синови и го честитаа 8-ми март на наследничката на Цеца со прекрасен букет.

фото принтскрин инстаграм

Анастасија на својот Инстаграм објави фотографија од прекрасен букет цвеќе, со картичка на која пишува:
– Среќен 8-ми Март! Љубов!

фото принтскрин

Објавата на Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш покажа дека машките членови на семејството Гудељ позитивно гледаат на нејзиниот однос со Немања.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Ќерката на Цеца се повеќе време поминува во Севиља, а нејзината последна објава на социјалните мрежи јасно покажува дека српскиот репрезентативец ја чува како малку вода на дланка.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Бидејќи Шпанија има неколку прекрасни места и локации за посета, сега Анастасија и Немања најдоа начин да се опуштат и да уживаат во својата љубов на необично место.

фото принтскрин/инстаграм

Тие двајца изнајмиле лимузина и ги посетиле сите магични места кои ги крие овој прекрасен град. За да се одморат, тие решиле да се гушнат еден до друг и да уживаат во ѕвезденото небо во лимузината.

фото принтскрин/инстаграм

Изгледа Немања баш и не обрнува внимание на врската помеѓу мајка му и неговата сакана колку и да не и се допаѓа. Таша овој пат испадна победник на приговорите на свекрвата, но јавноста некако од срце верува дека нивните конфликти на крајот ќе се претворат во една огромна љубов и почит, како што беше случај на почетокот на нивното запознавање.

фто инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close