Кафе муабет
АНАСТАСИЈА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД КРЕВЕТОТ НА ГУДЕЉ: Пејачката ужива во домот на Немања, еве со кого се гали!
Уживаат во врската...
Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ уживаат во љубовта, а без разлика што се во врска неполни два месеци, тие се толку заљубени што не се разделуваат.
Покрај Немања, со Анастасија многу време поминува и сестрата на фудбалерот, што укажува на тоа дека целото семејството Гудељ ја прифатило нивната нова потенцијална снаа.
Покрај семејството и пријателите, Ражнатовиќ ги освои симпатиите и на миленичето на Немања, неговата мачка, а наследничката на Цеца споделила со неа фотографии од кревет, пишувајќи дека се најдобри пријатели.
Со оглед на тоа што ги освои симпатиите на целокупното опкружување на Немања Гудељ, би се рекло дека оваа врска е сериозна од самиот почеток.
Инаку Немања Гудељ, важи за момче кое не сака скандал, но она што е познато е дека неодамна ја раскина љубовната врска со Сања Вучиќ, членката на групата Ураган.
Во медиумите се појави веста дека токму поради Анастасија, тој ставил крај на врската со убавата Сања.
Пејачката Сања Вучиќ долго време не сакаше да и открие на јавноста кој и е дечко, а потоа пред неколку месеци потврди дека е познат српски фудбалски репрезентативец.
Сања Вучиќ неодамна за српски Информер истакна дека таа никогаш не била со Немања Гудељ, иако медумите пишуваа дека тие двајца наводно биле во врска шест месеци а раскинале пред еден месец.
– Знам зошто ми се јавувате и отворено ќе кажам дека нема потреба да бидам лута или разочарана бидејќи јас и Немања сме само пријатели. Многу се сакаме, го познавам целото негово семејство – изјави Сања Вучиќ, членката на „Ураган за Информер, која тврди дека Гудељ и таа се во добри односи, но сепак негира дека биле во врска.
– Не раскинавме затоа што не бевме ни во врска, но во последно време не се слушавме бидејќи и двајцата имаме многу обврски. Но, останавме во добри односи, зошто да не – продолжи Сања, тврдејќи дека Гудељ и таа се само пријатели.
Сања исто така се осврнала и на нејзината колешка Анастасија и истакна дека би сакала да сними дует со неа:
– Зошто да не, никогаш не било спорно дека нешто можеме да снимиме. Важно е на двете да ни легне песната. Јас и Анастасија се познаваме, не пиеме кафе заедно, но се познаваме – искрено изјавила Сања за Информер додавајќи дека моментално е сама и дека тоа и одговара поради обврските:
– Година и пол сум сама, се посветив на себеси и мислам дека тоа се гледа. Имам многу работа и сега вака ми одговара, се фокусирав на работата. Што се однесува до љубовта, јас сум млада, има време – заклучи членката на „Ураган“.
Анастасија и Немања се знаат веќе долги години, а љубовната врска ја започнале пред месец дена.
Нивната љубовна приказна започнала преку пријатели, и по неколку заеднички излегувања започнале врска.
Тој е српски фудбалер кој игра како централен играч од средниот ред за шпанската Севиља и за српската репрезентација.
Немања е син на поранешниот играч на белградски Партизан и Нац Бреда, Небојша Гудељ и постар брат на Драгиша Гудељ.
Дечкото на Анастасија е на врвот на листата на најплатени српски фудбалери. Неговата годишна плата во Севиља е 5.650.000 евра.