Кафе муабет
Ана Севиќ направи тајна венчавка – еве каква венчаница одбра за својот посебен ден!
Венчавката ја направија во кругот на семејството...
Пејачката Ана Севиќ и нејзиниот избраник Даниел Недељковиќ направија тајна венчавка пред околу две недели, а сега пејачката објави и фотографија на која се гледа и нејзината венчаница.
Ана за својата венчавка избра мини венчаница, држејќи букет бели божури во раката, а Даниел се одлучи за елегантен костум и застана покрај неа. Фотографијата ја објави на својот Инстаграм, а следуваа низа честитки .
Венчавката ја направија во кругот на семејството, со родителите на Даниел во селото Прово кај Шабац, без музика и сè беше тајно, а како истакна Ана за српски Телеграф немаше прослава, освен скромен ручек за најблиските.
Ана пред неколку дена објави и емотивна фотографија на која откр дека e запросена.
Имено, пејачката објави слика со својот вереник, а во описот на фотографијата таа постави емоткон со знакот на бесконечност, што алудира на тоа дека засекогаш му рекла „ДА“
Да потсетиме, ова е втор брак на Ана, а од првиот брак со пејачот Дарко Лазиќ ја има ќерката Лорена. Ана во едно неодамнешно интервју изјави дека не планира да има само две деца, но и дека Даниел ја има истата желба.
– Фала му на Бог што ми даде толку прекрасни и мирни деца. Двете се златни и немам никакви проблеми со нив. Јас едноставно можам да родам уште пет, само за да бидат добри како моите ќерки. Даниел и јас разговаравме и двајцата сакаме големо семејство истакна неодамна Ана Севиќ.
Ана во една прилика истакна дека нејзиниот сегашен сопруг Даниел и помага во обврските околу децата и посочи дека е татко за пример.
„Лорена на својата сестричка и го даде името Сена, а Даниел е татко за пример. Тој е грижлив и многу ми помага, така што можам само да му се заблагодарам на Господ за сé.