Кафе муабет

Ана Бекута скршена од болка: Објави емотивна порака за Денот на вљубените и расплака многумина!

Не може да се помири дека го нема...

Пејачката Ана Бекута не крие колку и недостасува нејзината најголема љубов, политичарот Милутин Мркоњиќ кој почи.на пред година и пол.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Бекута сега на сите им покажа колкава празнина чувствува по неговата загуба објавувајќи го текстот на песната „Кошуља“ од Звонимир Голоб.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Бекута често истакнуваше колкава љубов имало меѓу Мрка и неа, а веќе година и пол тагува по емотивниот партнер со кој помина 10 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

– Лето, мирис на масло во капки дожд. Замина. Ветерот ја ниша твојата влажна кошула со дланките милувајќи го јажето. Барем прегрни ме со празните ракави – напиша Бекута во описот на фотографијата на која е таа со Милутин.

фото Инстаграм/Ана Бекута

Пејачката и на годишнината од неговата см.рт објави потресно писмо во кое истакна колку и недостасува човекот на нејзиниот живот:

фото инстаграм,/Ана Бекута

– Помина една година од мојот личен крај на светот. Сè уште не се помирив со фактот дека чекорот во ходникот не е твој, и дека повикот на телефон не е твој и дека копнежливиот поглед од првиот ред во публиката не е твој.

фото инстаграм,/Ана Бекута

Сепак, избирам да го славам твојот живот почесто отколку да очајувам. Се радувам и на секое возење по обиколницата што ќе го носи твоето име. Затоа што патиштата не се само заминувања и патувања. Патиштата се патишта до домовите, враќање кон домовите и семејствата. Ти благодарам за безброј чинови на љубов, ти благодарам што скоро секој ден ми приоѓа некој на кого си помогнал и си му го променил животот. Ти благодарам што никогаш не се пофали со тоа. Ти благодарам што сите што те запознале те паметат како добра личност. Некогаш те сакав и затоа што никогаш ни малку не ме повреди. Те сакам уште повеќе денес затоа што никогаш намерно не си повредил ниту една личност на овој свет. Сега живеам од сеќавање и гордост. Спиј мирно во вечноста што ја заслужи со секој ден од твојот неверојатен живот. Те сака Ана– напиша пејачката.

фото инстаграм/Ана Бекута

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close