Кафе муабет

Адел конечно ја откри тајната за слабеење: Еве како успеа да изгуби 45 килограми!

Изгледа непрепознатливо...

Британската поп ѕвезда Адел се пошегува на своја сметка гостувајќи во емисијата „Saturday Night Live“. Таа во гостувањето се осврна на нејзиниот целосно променет „личен опис“, откако ослабе 45 килограми.

Фото Инстаграм/Адел

– Знам дека изгледам многу поинаку отколку кога последен пат ме видовте. Имено, поради рестрикциите за Ковид морав да патувам со што помалку „багаж“ и можев да носам само половина од планираниот товар. Оваа половина гледате, тоа е она што јас нужно го избрав.

Фото Инстаграм/Адел

Адел пред тоа долго време немаше настапувано, ниту издадено синглови или албуми, но ја заинтригира јавноста со повремени објави на својот Инстаграм профил кои покажуваат дека напорно работи на себе за време на паузата од медиумското изложување. И како што се приближуваше објавувањето на нејзиниот четврти албум „30“, објавен во 2021 година по шестгодишен прекин, таа даваше сè повеќе интервјуа, а најпоставувано прашање беше – како успеа да ослабе толку многу?

Фото Инстаграм/Адел
Фото Инстаграм/Адел

Открила дека неуморно вежбала, комбинирајќи кружни и функционални тренинзи. Далеку од очите на јавноста, за три години буквално се преполови а од почетокот на пандемијата тренинзите ги интензивираше три пати на ден.

Фото Инстаграм/Адел
Фото Инстаграм/Адел

Во интервју за британски Вог, таа откри дека информациите за нејзината исхрана во тој период биле сосема погрешни. Таа тврди дека не постела ниту била на сиртуинска диета. Нејзиното слабеење е резултат на обилно потење за време на тренингот, а бидејќи трошела многу, морала редовно да ја надополнува својата енергија и да јаде малку по малку наместо два обилни оброци во текот на денот.

Фото Инстаграм/Адел
Фото Инстаграм/Адел

Како што изјавила, слабеењето за неа било многу повеќе од трансформација на изгледот:

Адел ја стекнала својата самодоверба, се чувствувала силна и се ослободила од зависноста – од мобилниот телефон.

Фото Инстаграм/Адел

Покрај тоа, таа се ослободи од нападите на анксиозност кои ги претрпе по раскинувањето со Симон Конецки во 2019 година, со кого помина осум години и доби син.

Неодамна пејачката проговори за разводот, но и за бројните коментари кои ја погодија, во врска со брачниот бродолом.

Фото Инстаграм/Адел

Нејзините обожаватели беа неизмерно среќни поради тоа, мислејќи дека нејзината неуспешна љубов ќе биде инспирација за новиот албум кој со нетрпение го очекуваа.

Адел истакна дека фановите навистина ги сакаат нејзините нови песни.

Фото Инстаграм/Адел

– Но во реалноста тоа не е нивна одговорност. Во реалноста, нивна одговорност како обожаватели е да сакаат добар албум и да се надеваат дека ќе го снимам. Затоа ги прифатив тие коментари со малку сол и се беше во ред – изјави таа.

Фото Инстаграм/Адел

За нејзиниот поранешен сопруг, Адел, вели таа, никогаш не се чувствувала смирена, среќна или целосно присутна, а тоа многу ја растажило.

Фото Инстаграм/Адел

– Тоа што толку многу луѓе што не ги познавам знаат дека не успеав, тоа ме уништи. Се срамев. Никој не ме посрамоти, но се чувствувате како да не сте успеале – објаснила таа за магазинот „Ролинг Стоун“.

Адел го даде првото големо телевизиско интервју по неколку години пауза, кај Опра Винфри, на која и ја отвори душата.

Фото Инстаграм/Адел

Иако во еден момент и се сруши целиот свет, Адел успеа да ја пронајде својата љубов, нејзиниот сегашен дечко Рич Пол. Следбениците на Инстаграм и еден обожавател на нејзиниот лик и дело ја откриле оваа врска пред Адел официјално да ја потврди.

Фото Инстаграм/Адел

На многу мои пријатели на почетокот не им кажав бидејќи сакав да го задржам тоа за себе“, заклучила таа.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close