Брак
Зошто многумина во денешно време ја одложуваат улогата на родител?
Времињата се променија и тоа многу.
Можеби нашите мајки и баби се одлучиле да оформат семејство во раните дваесетти, но, просечната возраст на жените кои во денешно време го раѓаат своето прво дете во земјите како Италија, Јапонија, Кореја и Шпанија ја надмина триесеттата година. Но, зошто е тоа така?
Животот станува поскап
Токму трошоците за основање семејство може да ги спречат луѓето да го направат првиот чекор. Освен облека, обувки и храна, многу е различен начинот на кој родителите треба да вложат во своето дете за понатамошно образование и слично.
Денешните жени живеат поинаков живот
Жените во денешно време имаат многу повеќе можности, особено кога е во прашање кариерата, што не било случај во минатото. Всушност, во минатиот век жените често работеле се’ до моментот кога ќе основат семејство и родат деца. Потоа, останувале дома и ги одгледувале децата, додека денес ситуациајта е многу поинаква и многу мајки се чувствуваат подготвени за враќање на работа по само неколку месеци по породувањето.
Многумина се во потрага по совршениот партнер
Првиот чекор во основањето семејство не е детето, туку пронаоѓањето на совршен партнер. Дури и кога се планира посвојување на дете, тоа се прави откако ќе се најде партнер со кој ќе се дели животот. Денес, во ера на технологијата, младите се’ повеќе се пред своите компјутери и телефони, наместо да остваруваат фиизчки дружби…
Страв од неизвесна иднина
Младите денес се соочуваат со сериозни проблеми. Пред нив е неизвесна иднина, страв од невработеност, можност за отказ, неисплаќање на плата…