Бебе

Знаци кои ви покажуваат дека детето е спремно да се одвикне од пелени

Дали детето е спремно да им каже збогум на пелените?

Одвикнувањето од пелени е едне од поглемите предизвици за родителите, а летото е идеално време за тоа. Родителите имаат безброј прашања. Кога? Дали е спремно? Што ако не е? Како?

Постојат одредени знаци дали детето е спремно за одвикнување или не, а кои можеме да ги следиме за да донесеме одлука дали е подготвено или не.

Некои од нив се:

  •  Ни дава знаци дека има голема нужда – му пречи
  • Се сокрива кога има голема нужда
  • Пелената му е сува подолго време, односно, постои подолг временски период помеѓу мокрењето.
  • Отприлика знаете кога извршува голема нужда (претпладне, попладне…)

  • Може да следи кратки насоки, како што е „седни“
  • Може да ви каже кога извршува мала или голема нужда
  • Сува пелена во текот на ноќта (ако не пие нешто пред спиење)

Повеќето деца не ги покажуваат сите знаци, ниту пак е потребно да го прават тоа. На родителите останува да следат кои ги покажуваат и самите да одлучат дали да почнат со одвикнување или не.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close