Кафе муабет

Знаци кои покажуваат дека наскоро во животот ве очекуваат убави работи

Овие сигнали ви порачуваат дека сте на добар пат.

Кога во текот на животот ќе стекнете свест за самите себе и за ситуациите кои ве опкружуваат и кога ќе сфатите дека треба да живеете СЕГА и ОВДЕ, почнувате да живеете со леснотија, со многу верба во позитивен став и полесно ги правите вистинските избори.

Еве кои знаци покажуваат дека во животот сте точно онаму каде што треба да сте – на вистинскиот пат.

Сфаќате дека не мора да правите многу за да бидете среќни

Многу луѓе размислуваат на следниов начин: „Ќе бидам среќен кога…“ Склони сме честопати среќата да ја поврзуваме со одредени случувања, работи и луѓе… Себеси си дозволуваме да бидеме препуштени на милоста и немилоста на надворешните фактори.

Ако сте сфатиле дека среќата е во вас, баш во овој момент и не го одложувате својот момент на радост, тогаш сигурно сте на добар правец во животот. Вие сте личност која ужива овде и сега.

Престанавте да се споредувате со другите

Единствена личност со која треба да се споредувате е онаа која сте биле минатата недела, минатиот месец, минатата година… Ако во текот на овој временски период пораснавте, сте постигнале нешто ново, тоа е она на што треба да бидете горди. Личноста која сте биле вчера е ваш најголем ривал и најголем навивач за вас. Ваша единствена цел е самоподобрувањето.

Сте сфатиле дека не секоја ситуација е вредна за вашите рекации

Емоционално зрелите луѓе се способни да утврдат кои ситуации и кои луѓе го заслужуваат нивното време и енергија, а на кои не треба да обрнуваат внимание. Нашиот живот е прекраток за да ги трошиме драгоцените минути и енергија на оние кои тоа не го заслужуваат.

Прифативте дека минатото мора само да го прифатите, и дека не можете да го промените

Не осудувајте се себеси поради грешките од минатото, туку учете од нив. Не постои можност да го вратите минатото, но можете да направите многу работи за сегашноста и за иднината.

Кога ќе сфатите дека се’ има свое време…

Во животот никој ништо не може да ни вети, туку се’ се случува во вистинското време. Бидете трпеливи и на работа и во емотивните односи, секојдневно работете на себе и на своите желби, а тие ќе ви се остварат токму во вистинскиот момент.

Вие сте херој, а не жртва

Сите мораме да поминаме низ многу работи во животот. Сите борби и несреќи во животот ве погодиле и тоа е во ред, но треба минатото да го оставите зад себе и да продолжите понатаму. Секоја личност која се соочила со негативни работи во животот и успеала да ги победи на вистинскиот начин, е голем ХЕРОЈ. Гледајте на себе како на херој!

Повеќе не се срамите да барате помош

Понекогаш дури и на најхрабрите јунаци им треба помош. Не можеме сами да се избориме со секој предизвик или секоја препрека. За ова постојат пријатели, роднини, семејство, експерти. Тие се секогаш тука. Барањето помош не е срамота, туку е неопходно. Тоа воопшто не е знак на слабост, туку знак на зрелост. Сега знаете дека иако може да бидете јаки и способни за многу работи, потребна ви е и поддршката од другите.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close