Градинка

Знаци кои откриваат дека сте НЕВЕРОЈАТНА мајка!

Дали некогаш сте се запрашале колку добра мајка сте?

Дури и ако сте уморна, повремено лута мајка или едноставно чувствувате дека не ги држите сите конци во рака, поради некои работи секогаш може да знаете дека вие сте неверојатна.

Мајките честопати чувствуват вина поради различни работи и многу често се сомневаат во себе. Дали правиме доволно? Каде потфрлуваме? Дали сме ги разочарале своите деца? Дали требавме да постапиме поинаку? Понекогаш едноставно не сме ни сигурни…

Наместо тоа, би требало да почнеме цврсто да веруваме дека сме добри мајки. Дека децата не’ сакаат. Дека извршуваме добри работи… Како да знаете?

Вашите деца трчат кон вас кога се повредени

Кога вашето дете е повредено, плаче или е вознемирено, трча ли кон вас? Бара ли утеха, прегратка, внимание? Вие сте личноста која се грижи за него, која го теши и личноста со која се чувствува сигурно? Во тој случај вие сте неверојатна мама!

Децата ве викаат во средина на ноќта

Кога вашите деца имаат ноќна мора или чувствуваат страв во текот на ноќта, тие ве бараат. Тоа е затоа што во својата нервозна и тажна ситуација, ја сакаат својата мама. Сакаат личност која ги смирува, која им зборува дека се’ ќе биде во ред и која се грижи за нивно добро. Знаат дека мајката пружи утеха, грижа и топла прегратка. Тоа е тоа, за мајката НЕМА замена.

Вашите деца разговараат со вас

Сите сакаме да бидеме родители кои ги сослушуваат децата кога сакаат да разговараат. Сакаме да одгледаме деца кои се чувствуваат сигурно и пријатно за да разговараат за своите проблеми. Ако твоето малечко доаѓа кон тебе и непрекинато зборува – тогаш биди среќна! Понекогаш е тешко да се слушаат малите деца кои зборуваат без прекин, но токму тој однос треба да го продолжите.

Вашите деца секојдневно се смеат

Понекогаш нашите деца ни ги тестираат границите и понекогаш тие граници ги прават несреќни. Меѓутоа, децата се отпорни. Ако вашите деца се задоволни, среќни и сакаат да се смеат, значи дека создавате позитивно опкружување. Ако им дозволувате да си играат, да мечтаат и да се забавуваат, тогаш им пружите прилика за создавање магично детство.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close