Градинка
Вистините за средното дете кои ги знаат родителите на три деца
Средното дете е посебна „комбинација“.
Средното дете е комбинација од одличен преговарач, авантурист и грижлив пријател. Статусот на „второ дете на сцената“ значи честопати да развиваат флексибилен однос.
Во продолжение ви прикажуваме неколку особини кои честопати можете да ги забележите кај средното дете.
Опуштен бунтовник
Додека првото дете е оптеретено со родителска дисциплина и грижа за бројни правила, родителите на второ дете му наметнуваат многу помалку правила, така што има повеќе слобода за креативност. Родителите сега немаат толку време и затоа средните деца имаат многу повеќе можности за истражување и иновации.
Тие се родени преговарачи
Средните деца честопати треба да се изборат за своето место во семејството, затоа што поголемото дете веќе го нашло своето место и создало свои граници. Поради тоа овие деца учат брзо да комуницираат и да преговараат, затоа што така може да ги остварат своите потреби.
Тоа е вештина која подоцна добро ќе им послужи во животот!
Тие се иноватори
Комбинацијата од ризикување и комуникација значи дека средното дете ќе биде креатор на промени и иноватор во семејството.
Едно неодамнешно истражување покажало дека 85% од второродените деца се отворени за нови идеи додека оваа карактеристика ја имаат само 50% од првородените.
Склони се кон праведност
Честопати поради правата кои ги има првороденото дете, но и поради своите преговарачки вештини, средното дете е поврзано со праведност и се бори за вистината.