Градинка

Викање на децата? Не, зашто тоа е штетно за нивниот развој!

Дознајте како викањето влијае на вашето дете...

Можеби секогаш викате на своите деца, можеби понекогаш, но интензивно, а можеби тоа никогаш не ви се случува… Ако викате, тоа е сосема човечки во одредени ситуации, но, во продолжение дознајте како тоа влијае на вашето дете.

Понекогаш ви се чини дека едноставно не можете да си помогнете себеси и почнувате да викате. Сите сме луѓе и во одреден момент не можеме да издржиме. Но, ако тоа ни стане навика, тогаш претставува проблем.

Викањето на децата како начин на дисциплинирање е една од ретко прифатливите методи кои преостанале во светот на родителството. Но, експертите велат дека оваа опција треба да се преиспита добро, затоа што не само што е штетно за развојот на детето во одредени случаеви, туку и не дава ништо позитивно.

Иако добрата вест е дека подигнувањето на гласот кон децата е сигурно помалку штетно отколку удирањето (под услов да не станува збор за вербално злоставување), лошата вест е дека токму тоа би можело да влијае на односот со детето кога ќе влезе во пубертет.

Кога викате на своето дете, вие не го уништувате развојот на нивниот мозок, но на некој начин го менувате. Со викањето не создавате добра комуникација помеѓу вас. Замислете дека секогаш кога сте на некој состанок, некој вика на вас. Како би се чувствувале? Би слушале ли? Најверојатно не. А исто е и со децеата. Никој не сака да му се вика. Кога родителите викаат, децата слушаат, но само слушаат и прифаќаат, а всушност ништо не допира до нив и нивното влијание е се’ помало.

Помалите деца можеби ќе почнат да плачат, а на постарите едноставно ќе им стане досадно… и двете реакции значат дека детето повеќе блокира, отколку што слуша.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close