Кафе муабет

Tрагичниот живот на првата и најубавата мисица од поранешна Југославија

Најубава жена од овие простори што ќе доживее трагичен крај!

Многумина и денес со солзи во очите ќе се присетат на најубавата Југослвенка на која животот и бил како бајка но завршил трагично.

Никица по природа била повлечена и тивка девојка, која имала конзервативни родители па кога ја добила понудата да долго време се размислувала како да им ја соопшти веста дека ќе учествува во узбор за убавина.

Но за жал нејзиниот живот заврши трагично.

Прекрасната дубровчанка Никица Мариновиќ, во далечната 1966 година успеа да ги засени сите девојки во светот. Таа на изборот за Мис на светот во Лондон го освои сензационалното второ место и стана првиот придружник на Индијката Реита Фарија.

 

Цела Југославија зборуваше за преубавата Никица, која е воедно и прва што освоила ваква титула во времето на тогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Кружеа гласини дека титулата за најубава девојка во светот и избегала бидејќи била од земјата на комунистичкиот блок, а имало и други теории.

Како што пишуваа одредени медиуми, наводно Никица во Лондон била пречекана како вонземјанин кој дојде преку „железната завеса“ – таа беше првата мис од земјите на социјалистичкиот блок. Наместо очекуваната партизанка и мажествена девојка во воената единица и чизмите, вистинска убавица застана пред нив.

Во медиумите се пишуваше дека таа на овој избор за убавина се нашла сосема случајно.

foto Espreso.rs

Како што беше објавено во неколку медиуми, наводно главниот уредник на женското списание „Базар“ кое таа година ја презеде организацијата за Мис на Југославија не бил задоволен од кандидатките кои биле пријавени , па тргнал во потрага по анонимни девојки, и така ја сретнал Никица Маринковиќ, која тогаш се уште била малолетна и студентка во Економското училиште во Дубровник, пренесува српскиот портал Стил.

Никица по природа била повлечена и тивка девојка, која имала конзервативни родители па кога ја добила понудата долго време се размислувала како да им ја соопшти оваа вест.

Имено и таа самата била конзервативна и срамежлива, па и требало долго време да се соблече во дводелен костим за капење без дилема.

Но таа сепак се појави на изборот и успеа да ја понесе титулата за второто место што во јавноста предизвика револт бидејќи тие сметаа дека на овој избор во Лондон, требаше да победи Никица.

Други пак велат дека станува збор за теорија на заговор. Наводно Никица не се осмелувала да го ја потпише точката од договорот каде требало да се обврзе по изборот доколку победи, да оди во посета на американските војници кои во Виетнам се бореа против комунистичкиот отпор, а Индијката која ја понесе титулата го потпишала тоа.

По триумфот на изборот за Мис на светот, Никица се пресели во Белград. Таа одби да глуми во филмот на славниот режисер Роберт Роселини велејќи дека не е подготвена за Холивуд.

Таа се омажила за Белградскиот писател и режисер Вук Вучо, со кого го доби синот Џорче.

Бракот со него траел нешто помалку од 5 години, а по разводот Никица постојано била мета на додворувачите, по што стапила во брак со белградскиот режисер Здравко Шотра/познат по тв шоуто “Образ уз образ“ со Милена и Драган.

Никица и Здравко го добија синот Марко но за жал и овој брак бил на стаклени нозе, и на крај завршил со развод во 1980 година.

Таа имала бутик на Кнез Михајлова и многумина доаѓаа да ја посетат. Но во еден момент таа изгубила секаква трага.

За неа се зборуваше дека се бори со депресија, дека честопати посетувала психијатар и се шпекулираше дека останала без пари, па целосно се повлече од јавноста и беше многу осамена.

Живеела далеку од очите на јавноста и го прекинала контактот дури и со нејзините најблиски пријатели.

Во ноември 2008 година,насловните страници беа препралвени со нејзини фотографии, но за жал овој пат за нејзината смрт.  Никица испила cм*тонocна доза aпч*њa за спиење без да остави проштално писмо или порака од која може да се заклучи зошто посегнала по сопствениот живот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close