Бебе

Треба ли моето дете да оди на оваа возраст? Еве една грешка која ја прават родителите!

Дали детето ќе прооди на 9, 12 или 16 месеци, тоа ништо не кажува за него.

Детето ќе прооди кога ќе биде спремно за тоа! Но, родителите една грешка не смеат никако да ја прават, а честа е во практиката.

Иако секое дете е приказна за себе, генерално е мислењето дека сите би требале да проодат во 18 месеци од животот. Секое дете кое знае да стане користејќи ги своите способности, а не помош од друга личност, ќе знае и да оди, велат експертите.

Сите деца кои одат со придржување, ќе се пуштат и ќе одат самостојно, но на некои деца им треба повеќе време за да се почувствуваат доволно сигурни за одење без придржување, а на некои помалку. Тоа се лични разлики помеѓу децата.

Честа и голема грешка која ја прават родителите е ога го ставаат детето на нозе и го придржуваат за рацете, затоа што се уверени дека така детето брзо ќе прооди. Правејќи го тоа всушнсот му одмагаат на своето малечко, затоа што не само што го успоруваат развој на детското чувство за рамнотежа, туку и со невербална комуникација (која во тој период е многу важна) му испраќаат порака дека тој не може сам да оди и дека му треба помош од другите.

Затоа, не споредувајте се со другите родители и не споредувајте ги вашите деца со останатите. Секој е своја приказна за себе. На која возраст ќе прооди детето не кажува ништо за неговата интелигенција, за понатамошниот живот и слично.

Бидете им поддршка на своите малечки и уживајте во непроценливите заеднички моменти!

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close