Кафе муабет

Тетките имаат посебна улога во животот на децата

Тетката дава непроценлива љубов.

Родителите ги подучуваат и советуваат своите деца, бабите и дедовците ги разгалуваат, а тетките го нудат сето тоа во едно. Детето е среќно ако има тетка која го сака и која внимава на него, при што и позитивно влијае на неговиот живот. Еве некои од предностите кои ги нудат тетките.

Никогаш не пропуштаат важни случувања

Тетката секогаш ќе биде со своите внуци кога слават роденден, матура или завршеток на училишната година. Нема да пропуштат ниту едно случување, без оглед на тоа колку труд мора да вложат. Можеби ќе земат слободен ден од работа, ќе дојдат од друг град или целосно ќе ги променат своите планови.

Секогаш нудат поинаков поглед на животот

Тетката има повеќе трпение од родителите и имаат поинаков поглед на животот. Може да пружат рака кога им е потребна на внуците или да дадат мудар совет и разбирање.

Секогаш е тука да даде љубов и внимание

Тетките сакаат прегратки и бакнежи. Гушкањето со внуците нуди фантастично чувство и ја прави оваа врска посебно јака.

Секогаш се тука кога децата имаат проблеми

Кога на внуците им требаат совети или насоки, тетките секогаш се спремни да помогнат, особено кога е во прашање проблем кој децата не сакаат да го споделат со родителите. Тие секогаш се спремни за слушање и разбирање.

Никогаш не се лутат на своите внуци

Тетките најчесто се понежни и поопуштени од родителите, а честопати знаат да го поправат детското лошо однесување. Ретко кога го повишуваат гласот или се лутат, секогаш слушаат што велат децата и си играат со нив.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close