Бебе

Таткото е важен, таткото е херој уште од првиот ден

Татковската фигура е незаменлива во растењето на детето.

Позицијата на таткото во современото семејство во модерно време во значајна мера е променета, за разлика од минатото. Сега таткото има рамноправна улога во целокупното одгледување на детето. Семејстовото се проширува со доаѓањето на бебето на свет, а „работното место татко“ почнува од тој ден. Татковската фигура е незаменлива во растењето на детето.

До татковците: Бебето има и ваши гени, вие сте составен дел од историајта на бебето, неговото битие. Вие ѝ сте важни на вашата партнерка. Кога сте до неа, таа полесно го дои бебето и го намалува ризикот од постпородилна депресија. Прескокнете ги сите препреки заедно, држејќи се за рака.

Децата кои имаат убав однос со татковците, имаат развиени социјални особини и постигнуваат подобри резултати во училиште. Близината на татковците и бебињата е важна за детското ментално здравје. Бидете добар татко и кога ќе дојде време за тоа, и детето ќе биде добар родител.

Родителите за децата се прозорец кон светот. Преку нив децата ги запознаваат другите луѓе, културата, односите и стекнуваат неопходни сознанија. Додека мајката внесува стабилност во животот на малите, таткото создава чувство за работа и овозможува сигурен контакт со околината.

Времето е најдобриот начин да се ослободите од сите стравови поврзани со бебето, а тоа значи да поминувате време со него што е можно почесто. Секако, на овој начин воспоставувате најдобар контакт со него, позитивно влијаете не само емотивно, туку и на целокупниот развој.

Бебето ќе ја препознае вашата емотивна состојба и таа „ќе се пренесе“ на него. Затоа, трудете се да го контролирате начинот на кој зборувате, обидувајте се повеќе да се смеете, да зборувате со бебето и да му пеете. Иако сметате дека не сте добри во изведувањето на сето ова, сепак, тоа за бебето ќе биде најубавиот глас, најубавата насмевка, најубавата песна.

Никогаш не заборавајте дека за развојот на вашето бебе многу е важно присуството на двајцата родители. Не би требало да се криете зад големиот број обврски на работа и на тој начин да ги пропуштите најслатките обврски кон своето малечко. Така се лишувате од огромни задоволства кои ви ги пружи бебето, а вам ќе ви недостигаат после неколку години!

Затоа, идни татковци, информирајте се повеќе за бременоста и породувањето, за да знаете низ што може да поминува вашата партнерка. Бидете ѝ друштво, постојано, а таа сигурно ќе биде среќна поради вашата заинтересираност, поддршка и љубов. Дури и само вашиот смирен глас позитивно ќе влијае на нејзиното расположение. Така ќе ѝ помогнете да ги оттргне вознемирувачките мисли и грижи.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close