Градинка

Совети за родителите чиишто деца се будат ноќе

Совети кои ќе ви помогнат подобро да ја преспиете ноќта.

Не е изненадување што 48% од малите деца до три години и понатаму се будат во текот на ноќта, а со тој проблем доаѓа хроничниот недостаток на сон, следува уморно дете и родители. Ако и вие се пронаоѓате во ова, тогаш прочитајте некои совети кои ќе му помогнат на вашето малечко, но и на вас, да имате квалитетен сон.

Рано заминување в кревет

Дали знаевте дека вашето дете е во најдлабок сон помеѓу 20 часот и полноќ? Тоа значи дека ако детето си легнува во 20 часот, најверојатно нема доволно да се наспие, при што ќе се буди во текот на ноќта. Ако имате проблем со спиењето, обидете се рано да одите во кревет, околу 19 или 19 и 30 часот.

Понудете му „ограничена“ помош

Ако детето не може рано да си легне, помогнете му. Тоа ќе бара да го дигнете, да го гушнете или да го нишкате секогаш кога ќе се разбуди, секако, ако е навикнато на тоа. Обидете се да го одвикнете така што ќе му понудите „ограничена“ помош. На пример, погалете го да знае дека сте овде за него, но додека се’ уште е будно, излезете од собата.

Доследна рутина за спиење

Едноставната и доследна рутина за спиење делува смирувачко за нашите најмили. ТОа може да вклучува топла бања а потоа приказни или песнички за добра ноќ. Ако ги повторувате истите работи секоја вечер, детето навремено ќе биде подготвено за спиење. Кога ќе почне да ја прифаќа рутината, тогаш и ноќните будења ќе се намалат.

Продолжете со попладневна дремка

Децата на возраст од две, три и четири години, треба да спијат во просек од 10 до 14 часови, што ги вклучува и дневните дремки. Ако вашето дете има навика да го прескокнува попладневниот сон, можеби пати од премногу умор поради што потешко ќе спие во текот на ноќта.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close