Бременост

Важно: Што треба, а што не треба да консумираат бремените жени додека надвор е жешко?

Што да избегнувате, а што не?

На бремените жени во претстојниот период им се препорачува овошје и зеленчук кои се драгоцен извор на витамини и минерали, но и течности кои организмот ги губи по пат на потење. Во текот на жешките денови, организмот бара лесна храна, со повеќе хранливи влакна, а помалку маснотии и белковини. Значи, во овој период избегнувајте сол, сувомеснати производи, поховани, пржено и масно месо, како и запржена и зачинета храна.

Медитеранската исхрана добро би им дошла на идните мајки, затоа што позитивно влијае на организмот. Доколку не сте алергички, јадете морски плодови и риба, салати прелиени со малку маслиново масло и лимон. Маслиновото масло содржи омега 3 масни киселини кои ве штитат од воспалителни процеси и се добри за срцето и крвните садови.

Кога станува збор за овошје и зеленчук, бремените жени треба повеќе да јадат кајсии, праски, дињи, лубеници, домати, моркови и свежи пиперки. Не заборавајте на млечните производи кои ви осигуруваат доволна количина калциум и протеини.

Можете да пиете и јадете јогурт, кисели млеко и кефир кој содржи ензими, хранливи влакна, витамини и минерали, како и пробиотски бактерии корисни за одржување на цревната флора, особено во летните месеци.

Препорачливо е да избегнувате алкохол, газирани и зласладени пијалаци, како и оние богати со кофеин зашто може да ви ја зголемат дехидратацијата. Во текот на овие месеци, бремените жени треба да го зголемат внесот на вода и природни сокови во организмот, за да ги надокнатат електролитите кои се губат со потењето. Доволниот внес на вода ги намалува уринарните инфекции и спречува запек.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close