Градинка

Што кога детето ќе стане „мал шеф“? Како да му дадете до знаење кој е „главен“ во куќата?

Во денешно време децата многу често знаат да шефуваат.

Секоја фаза од детството со себе носи одредени изненадувања. Доенчињата растат и добиваат килажа, потоа детето открива дека самостојно може да оди, да кажува некои зборови, потоа реченици и да ја докажува својата независност.

Како родители, сите сакаме нашите деца да се чувствуваат сакано, а лесно е да помислиме дека попуштањето е изразување на љубов. Можеме да помислиме дека ако не им се спротиставиме на малечките и им дозволиме да биде по нивно, тие ќе се чувствуваат посебно и сакано. Но, точно е спротивното!

Како на децата да им дадеме до знаење кој е „шеф“ во куќата?

Повторувајте си себеси: Јас сум главен/главна!

Природно е малечките да ве тестираат и да видат колку далеку може да стигнат, па затоа, родителите се овде да постават граници. На децата им е потребно ограничување, зашто тие на родителите гледаат како на авторитет и ние им даваме до знаење кога треба да престанат.

Бидете цврсти

Кога ќе одговарате на детските наредби, користете други предлог-работи кои може да ви помогнат во ситуацијата. На пример, ако детето упорно сака да седне на столот каде што седете вие, иако наоколу има уште многу празни, може да му кажете: „Гледам дека сакаш да седнеш на овој стол, но сега седам јас. Може да седнеш во мојот скут или на каучот“. Тогаш детето знае дека сте го слушнале и дека ја цените неговата желба, но треба да преовладува разумот.

Бидете доследни

Не размислувајте за поставување правила или ораничувања, ако мислите дека не можете доследно да ги следите. Нема да ви помогне тоа ако понекогаш му дозволувате на детето некоја работа, а понекогаш не. Тоа создава забуни. Она што на крај може да се случи е детето да има испади за да го добие она што го сака.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close