Кафе муабет

Се сеќавате ли на пластичните цуцли? Погледнете ги и останатите играчки што беа хит во 90-тите

Дали ќе ни се врати овој необичен хит од 90-тите?

Пластичниот накит веќе се враќа, а веруваме дека посебно успешно ќе знаат да го комбинираат генерациите кои израснаа во деведесеттите.

Имено, тогаш сите носеа прстени и обетки со пластични детали во светли бои. Меѓу нив посебно се истакнуваат пластичните цуцли кои се носеа насекаде – околу вратот, на рацете, клучевите…

Откако на некој од најголемите ѕвезди имавме прилика да видиме пластични парчиња накит, кои сега може да се купуваат и во познатите продавници, многумина стравуваат од враќањето на пластичните цуцли.

Иако многумина ќе се разнежнат кога ќе се присетат на овие модни додатоци, повеќето не можат да сфатат како овој пластичен тренд постигнал толкава слава.

Многумина од нив се’ уште имаат некои фрлени во кутиите со накит или во своите кутии со спомени.

Меутиа, цуцлите и денес може да се купат во специјализирани продавници, а цената варира зависно од нивната големина.

Во продолжение погледнете уште неколку фотографии кои ќе ве потсетат на младите луди години доколку сте биле дете во 80-тите и 90-тите години на минатиот век.

Па која беше вашата омилена играчка во детството?

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close