MAMA
„Се породив со царски рез зашто јас така сакав, па горда сум на мојата одлука“
Сите мајки треба да бидеме горди на породувањето, без разлика на кој начин е...
Морган Целест е мајка на девојче кое пред 5 години се породила со царски рез, на свое барање. Сега за порталот Scary Mommy одлучила да ја сподели својата приказна.
Јас родив со царски рез, на свое барање, во светот во кој 49,6% од женската популација не можат самите да донесат таква одлука. Мојата одлука не беше тешка, ја донесов пред многу години, многу порано пред да забременам. Кога научив од каде доаѓа бебето, си помислив: „Никогаш“!.
Кога ги споделив своите мисли и чувства во своите рани дваесетти, едогласно добивав ист одговор: „Ќе се чувствуваш поинаку кога ќе забремениш“. Бев скептична, но го задржав отворениот ум зашто никогаш не бев била бремена. Кога го добив позитивниот тест и во текот на целата бременост, ниту еднаш не ја преиспитав својата одлука за породување со царски рез. Всушност, тогаш го сакав повеќе од кога и да е.
Можеби жените кои размислувале на ист начин како мене го држале своето мислење за себе, поради страв од осудување. Од своето искуство научив дека повеќето жени сакаат природно породување со епидурал. Некои жени дури толку екстремно размислуваат што веруваат дека всушност не си мајка ако не родиш по природен пат…
Јас и мојата докторка гинеколог детално разговаравме за сите предности и недостатоци на природното породување, како и на царскиот рез. Мојата бременост беше уредна и не постоеше ниту една здравствена причина поради која би претпочитала еден вид породување. Одлуката во целост беше моја.
Таа одлука беше едноставна, а моето породување помина одлично. Родив на царски рез една недела пред својот термин. Вечерта пред породувањето ја поминав со своето семејство – опуштено и со многу спеа. Утрото со сопругот и мајка ми тргнавме во болнциа. Дури станав порано за да се нашминкам и да си направам фризура. И така не можев да спијам многу, па тоа време го потрошив за да се средам. За среќа, се’ се одвиваш според планот. Операцијата почна во 7:30, а во 8:18 моето девојче дојде на свет. Истиот момент ја земав в раце и уживавме во контактот кожа на кожа. Беше неверојатно!
Горда сум на себе и на одлуката којашто ја донесов. Еднакво сум силна како и жените кои доброволно патиле во текот на своето породување. Им се восхитувам на жентие и на нивната храброст, без оглед на тоа како планирале да се породат. Го направиле она што е било најдбро за нив и за нивното бебе. Исто како и јас.