Рецепти

Развеселете ги децата: Чоколаден чискејк со орео бисквитчиња

Прекрасниот чискејк сега збогатено со парчиња чоколадо.

Богатиот чискејк е меѓу омилените десерти на многумина, а денес ви прикажуваме еден рецепт за омилениот колач во верзија со чоколадо.

Потребни состојки:

  • 150 грама орео бисквити
  • 6 лажици путер
  • 240 грама крем сирење
  • 100 грама шеќер
  • 60 мл кисела павлака
  • 2 јајца
  • 100 грама темно чоколадо
  • 100 грама пржени бадеми

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 160 степени. Намачкајте го садот со путер. Измешајте ги во блендер орео бисквитите и путерот. Смесата ставете ја во садот и печете осум минути. Оставете ја на страна за да се олади.

Намалете ја температурата на 120 степени. Ставете го чоколадото во сад над пареа и оставете го да се олади. Измешајте го сирењето и шеќерот. Додајте ја павлаката и сето тоа добро промешајте го. Потоа додајте ги јајцата и мешајте две минути. Ставете го ттопеното чоколадо и мешајте уште две минути.

Прелијте ја смесата преку кората и печете околу 45 минути. Потоа, дозволете ѝ на тортата да се олади, најмалку четири часа во фрижидер или преку целата ноќ. Стопете го преостанатото чоколадо, па измешајте го со свежи колачиња или бадеми, па прелијте преку тортата.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close