Бебе

Прво летување со бебето: Кога е вистинското време за патување и каде да заминете?

Најмладиот член бара посебна нега и внимание за време на патувањето.

За многумина планирањето на патувањето со партнерот или пријателите е стресна и комплексна работа, но кога ќе дојде и најмладиот член, стресот како да се зголемува.

Првото патување со бебето бара внимателно и темелно планирњае, при што организацијата на самиот пат, работите за бебето и сите дополнителни аксесоари треба да бидат прилагодливи на чувствителните потреби на бебето. Но, доколку на тоа посветите труд и време, патувањето би можело да го поминете многу лесно. Како вие, така и вашето бебе.

Кога е вистинското време за прво патување со бебето?

Иако на многумина родители ќе им изгледа рано, лекарите, педијатрите и другите експерти како период кој одговара за прво патување со бебето ја земаат неговата старост од 3 месеци па нагоре. Само важно е да го земете во предвид целокупното здравје на бебето, особено ако тоа е негово прво патување. Исто така внимавајте да нег о пореметите премногу ритамот на бебето.

Потребните работи за бебето најдобро е да ги спакувате неколку дена порано. Задолжително спакувајте ги бебешките омилени работи, како и целиот хигиенски прибор кој бебето го користи дома.

Каде да патувате со бебе?

Пред да закажете или купуте аранжман за првото патување со бебето, потребно е да ја извадите целата потребна документација за бебето, како и согласност од лекарот дека бебето заминува на своето прво патување, а и потврда дека бебето ги има примено сите вакцини. При избирањето на дестинација, погрижете се таа да одговара на најмалиот член. Тоа пред се’ треба да бидат места кои:

  • не се премногу бучни
  • не се премногу влажни или премногу суви
  • во ваша близина да има аптека

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close