MAMA

Мајкатa никој не може да ја замени: Прекрасни цитати за најважната жена во нашиот живот

Мајката е нашиот свет.

Мајките секогаш ќе ве сакаат. Можеби ќе се налутат, но ќе ви простат. За нив вие сте најубавото нешто во нивниот живот. Тие секогаш се трудат и го даваат својот максимум. Имаат разбирање, почит, спремни се да дадат совети во секое време, а знаете дека тие никогаш нема да ве изневерат.

Мајката е најважната личност која никој не може да ја замени. Најважната жена која секогаш ќе има посебно место во срцето. За оваа прекрасна личност се кажани многу зборови, а во продолжение ви прикажуваме неколку цитати кои веруваме дека ќе ви се допаднат.

„Открив дека кога гледаш во твојата мајка, тогашгледаш во најчистата љубов којашто некогаш ќе ја имаш.“ – М. Албом

„Мајката умее да го разбере она што детето не го изговорило“ – непознат автор

„Бидејќи Бог не може да биде секаде, затоа ги создал мајките“ – непознат автор

„Мајката е онаа личност која може да го замени сечие место , но нејзиното никој друг не може да го земе.“ – непознат автор

„Ако се’ во овој свет е несигурно, мајчината љубов не е“. – Џ. Џонс

„Мајката е многу повеќе од бестрашна жена, таа е дури повеќе и од учител и е најдобрата личност во мојот живот.“ – Непознат автор

„Прегатката на мајката трае уште многу долго откако таа ќе замине“ – непознат автор

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close