Кафе муабет
Покажувајте им на вашите дами колку сте среќни што ги имате, но НЕ само еден ден во годината
Жената не се сака само еден ден во годината.
Меѓународниот Ден на жената или само Денот на жената, се одбележува на 8 март и е наменет за сите дами, а се слави насекаде во светот.
Но, не чекајте го овој ден да им покажите на важите дами колку ги сакате и колку сте среќни што се до вас. Секојдневно покажувајте им благодарност за се’ што прават и за тоа што се присутни во вашиот живот.
Не мора само на овој ден да им покажете колку сте горди на нив. Правете секој ден да се чувствуваат посебно, воодушевете ги со некој гест и покажете им колку ви значат. Но, најважно од се’ е да им го подарите вашето внимание и вашата доверба, затоа што материјалните подароци никогаш не се доволни за да ги искажат чувствата.
Обидете се да се сетите на некои убави моменти и заедно обидете се повторно да ги проживеете истите. Покажете дека сте тука за неа, помагајте ѝ во домашните работи и обврските околу децата.
Подароците ќе поминат од мода, но убавиот збор и убавиот гест – НИКОГАШ. Потсетете се зошто сте со вашата сакана, зошто сте ја избрале токму неа и откопајте ги чувствата кои лежат длабоко во вас. Животот е премногу краток за да ги барате негативностите и да се навраќате на тешките моменти.
Отворете го своето срце и настојувајте што повеќе време да поминувате со личностите кои живот ви значат. Нема поубав подарок од искреното изразување љубов и тоа 365 дена во годината.