Кафе муабет
Петар Грашо „нaпaднат” поради новата девојка: Сpaмота, на Хана можеш да бидеш татко!
Го осудуваат пејачот за врската со помлада девојка...
Откако раскина со колешката Данијела Мартиновиќ со која беше во врска повеќе од две децении, пејачот Петар Грашо веќе извесно времеужива во љубовта со 15 години помладата Хана Хуљиќ.
Многумина беа изненадени кога Петер и Хана ја официјализираа својата врска, па мислењата беа поделени кога станува збор за нив двајца. Додека некои ја поддржуваат нивната љубов, има и такви кои ги осудуваат на социјалните мрежи.
Имено, на една фан страна се појави нивна заедничка фотографија на која некои го осудуваат пејачот за врската со помлада девојка.
„Ми изгледаат како брат и сестра кога ќе ги погледнам, никогаш како заљубена двојка“, „Целосно падна во моите очи“, „Даниела е закон“, „Грашо, премногу си стар за Хана таа може да ти биде ќерка“, се само дел од коментарите.
Сепак, имаше и такви кои истакнаа дека ја поддржуваат оваа романса.
„Слатко. Љубов е тоа“, „Да живее љубовта. Нас обожавателите треба да нè интересира само музиката, а тоа што тој го прави приватно е негова работа“, напишаа дел од фановите.
За потсетување, веста дека децениската врска меѓу Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ пропадна, ја изненади јавноста пред неколку месеци. Меѓутоа поголемо изненадување беше тоа што Грашо сега има нова девојка и тоа ќерка на негов близок пријател.
Хана и Грашо соработуваа заедно за неговата песна “Srce za vodiča” , и меѓу нив уште тогаш се родија симпатии. Како што сега пренесуваат хрватските медиуми, романсата трае веќе некое време, а Хана го придружува Грашо на речиси сите настапи.
Иако извор близок до пејачот ја потврди оваа вест за хрватските медиуми, Хана и Петар се уште не се огласиле.
Но неодамна се појави информација во медиумите, дека наводно Петар чека дете со Хана, но тоа тој го демантираше.
– Прв пат слушам за тоа како и за многу информации кои се пишуаат овие денови, но ова не е вистина, рекол Петар.
Хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ се огласи по веста дека неговата ќерка запловила во врска со 14-години повозрасниот Петар Грашо.
-Разбирлив ми е интересот на медиумите и јавноста за врската помеѓу Петар и Хана, но јас никогаш до сега јавно не сум се огласувал на теми поврзани со приватниот живот на моето семејство и на луѓето со кои работам.
Сличен став имаат и Петар и Хана кога станува збор за нивниот приватен живот, а покрај тоа Петар е и наш голем пријател. Ако се тие среќни, а гледам дека се, тогаш сме среќни и јас и мојата сопруга, рекол Тони за медиумите.
Данијела прозборе за најболната тема!
Пејачката Данијела Мартиновиќ повеќе од 20 години беше во врска со колегата Петар Грашo. Таа имала голема желба да се реализира како мајка, а неодамна за јавноста си ја отвори душата и со својата интимна исповед на тема борба за потомство, шокираше многу жени.
Исповедта на Данијела Мартиновиќ е искрена, а пејачката која покрај тоа што пее и пишува, еднаш објасни како се справува со тоа што не се исполнила во улогата на мајка, и како инспирацијата за создавање ја наоѓа во најтешките моменти.
-Мајчинството ми е прилично тешка и лична тема, а од друга страна со оглед на тоа што сум пејачка е многу јавна. Понекогаш такви наслови за моето неостварено мајчинство ми изгледаат толку вулгарно, неточно. Затоа, во ранливите моменти на емоционална експанзија, почнав да пишувам, раскажувајќи приказна во една форма во која му се обраќам на моето неродено дете, на моето Малечко. Знаеш, оние долги ноќи кога имаш чувство дека немаат почеток или крај, чувство дека засекогаш ќе останеш заглавен во пукнатината на времето. Сакав да и кажам се од прво лице еднина – изјавила Данијела за Јутарњи пред неколку години, пренесува „Story.hr“.
Пејачката тогаш без тронка двоумење изјави и дека сака да се реализира како мајка и дека не се откажала од желбата, но сепак верува дека ако тоа не се случи, може да ја најде среќа без дете.
-Детето е моја голема желба, никогаш не сум го криела тоа, но поради некоја причина се уште не се случило. Не се откажав од тоа да сум мајка, но го прифатив и фактот дека ќе можам да бидам среќна и ако тоа никогаш не се случи, изјави тогаш поранешната партнерка на Петра Грашо.