Бебе
Неколку работи кои родителите на паметни деца ги прават уште во првата година
Се смета дека бебињата во својата прва година учат многу повеќе отколку во кој било друг период од животот.
Иако интеракцијата со бебето честоапти може да ви се чини како еднонасочна улица, изгледа дека нашиот труд, бескрајните часови пеење, играње и забавување, играат клучна улога во нивното рано учење. Всушност, во нивните мали глави се случува многу повеќе отколку што ние самите сме свесни.
Бебињата имаат неверојатен капацитет за учење. Еден од најважните напредоци во детскиот развој било откритието деак бебето почнува да учи и пред својот роденден, велат психолозите. Еве кои активности може да ги практикувате со вашето малечко и да го поттикнете неговиот развој.
0-6 месеци
Истражување, истражување, истражување
Бебињата сакаат активности кои им овозможуваат прилики за истражување, решавање проблеми и откритија, велат психолозите. Материјалите како песок, вода и тесто им овозможуваат бескрајни можности за откривање посебни својства на секој материјал. Еднакво добри примери се и кутиите со капачиња кои бебињата може да ги отвораат и да ги затвораат, коцки во бои кои може да се сложуваат или пак пластични чаши.
Играчки со текстури
Денес постојат многу играчки за бебиња кои се меки, со текстура и со истакнати делови кои им овозможуваат на малите големи истражувања, а тоа им помага на бебињата да го развиваат чувството за допир.
Лежење на стомак
Бебињата преку ден треба да поминуваат време лежејќи на стомак, со цел да поминат низ одредени фази – подигање на главата, ползење…. а ова ги стимулира и двете страни на мозокот. Дури и пет минути лежење на стомак дневно може да има позитивно влијание за обликот на главата, да ги елиминира или намали потенцијалните проблеми.
Пеење песнички
Музиката може да делува како стимуланс за да се забраза менталниот развој на детето. Таа исто така може да помогне и при развојот на говорот кај малите деца. Секако е корисно да ја вклучите музиката во секојдневната рутина и не грижете се ако не знаете да пеете. Само бидете ентузијасти!
Читање знакови
ЗНаковниот јазик може да се научи помеѓу петтиот и шестиот месец од животот, а на тој начин можете да навлезете во малиот свет на вашето малечко, пред да почне да зборува. Знаковниот јазик за бебиња користи едноставни гестови или знаци во комбинација со говор, за децата да може да комуницираат во врска со она што им е потребно, пред да успеат да ги изговорат зборовите.
Масажа
Редновното масирање помага да се смири бебето, а го поттикнува и развојот на неговиот мозок. Масажата на бебето може да започне уште од првиот ден!
6-12 месеци
Експериментирање со движењата
Динамичните песни и ритами се одлична забава за оваа возраст. Помеѓу шестиот и осмиот месец детето ќе почне да плеска со рацете, што би одговарало за многу песнички. Поттикнете ја оваа активност зашто на овој начин се развива телото.
За математика никогаш не е прерано
Постојат многу прилики преку кои можеме бебето да го запознаеме со броевите. Преку игра, децата може да покажат интерес за учење.
Неуредна игра
Креативноста е неуредна на оваа возраст, но сето тоа е дел од забавата. Децата обожаваат да јадат со рацете, па дозволете им да бидат неуредни.
Игра со инструменти
Секогаш можете да импровизирате. Удирајте пластична чаша и садови, наполнете празно шише со ориз за да направите звук и слично.