Бебе
Неколку мисли кои родителите ги имаат на ум додека бебето спие врз нив
Што се' им паѓа на ум на родителите?
Ако имате мало дете, сигурно неколку пати сте се нашле во ситуација да имате заспано бебе во вашите раце и да не се осмелите да се помрднете. Кој има чувствително бебе или бебе кое не сака да спие, најверојатно ќе се пронајте во ова.
Ако ви е познато ова, тогаш сигурно ќе се пронајдете во некои од следниве мисли.
„Празна батерија? Нееее…“
Предалеку е полначот, а сигурно не би се осмелиле да се поместите. Не сакате да ризикувате до толку!
„Мислам дека ќе ми пукне меурот“
Многу пати не сфаќате дека имате полн меур, се’ додека не останете заглавени на каучот со детето кое спокојно спие на вашите гради, или уште полошо, дополнително притиска на вашиот меур.
„Имам толку многу работа“
Треба да чистам, да готва, да јадам, да се туширам, да ги плаќам сметките и така на таму. Времето за спиење на бебето обично е она време кога можете да бидете продуктивни, без малиот наоколу кој трча или лазе.
„Можеби сега можам да го спуштам. Да се осмелам ли?“
Ако го спуштам во кревет, истиот момент ги отвора очите, седнува, ме гледа како најголем непријател и почнува да плаче. Ако чекам предолго, би можело да се разбуди и да биде премногу одморено за повторно да заспие.
Значи, морам добро да го погодам времето и преместувањето да го изведам во најдобриот момент.
„Се откажувам. Едноставно ќе го држам додека не се разбуди“
Честопати се случува и да „заглавите“ со своето бебе. Го преместувате во креветчето, а потоа веднаш се буди, па повторно заспива во вашатап регратка. И понекогаш едноставно се предавате…