MAMA
Неколку мајки откриваат како знаеле дека се спремни за уште едно бебе во семејството
Размислувате за второ бебе, но не сте сигурни? Еве што споделуваат неколку мајки во врска со ова.
Одлуката за второ бебе кај многумина предизвикува стрес, нервози, прекумерно размислување… Секако, секое семејство има свои планови, а некои мајки откриваат како сфатиле дека се спремни за уште едно малечко во семејството.
„Знаев дека сум спремна за друго бебе кога мојот сопруг конечно се сложи со оваа одлука“.
„Кога почнав да се пакувам и да ја тргнувам гардеробата на мојот прв едногодишен син“.
„Кога моето прво дете престана да носи пелени, помислив, па, да пробаме повторно!“
„Само што купивме куќа са три спални соби и престанавме да живееме со родителите – бевме подготвени!“
„Моите јајници бараа уште едно бебе :)“
„Сфатив дека имам вишок слободно време кога првото дете наполни 3 години“.
„Бев спремна за уште едно бебе кога се фатив себеси дека секојдневно на сајтовите читам текстови за доаѓањето на второ бебе“.
„Еден ден мојот син се врати од градинка плачејќи зошто нема брат или сестра како и другите деца“.
„Знаев дека би требало да почнеме да размислуваме за тоа кога мојата ќерка и за роденден и за Нова година на листата за желби за подарок стави ‘брат или сестра’.“
„Сакав моето дете да има најдобар пријател во животот – роден брат или сестра“.