MAMA

Науката вели дека на мајките им е потребна масажа

На мајките им треба редовна масажа.

Ако добијат масажа, науката вели дека мајките ќе бидат помалку склони кон врескање затоа што детето цртало по ѕидовите, отколку што би биле во спротивно.

Како мајки, мораме да научиме да бидеме добри кон себе. Зошто е тешко да се однесуваме љубезно кон себеси, како кон другите? Мајките мора да разберат дека љубезноста и љубовта кон сопственото тело и ум позитивно влијаат на животот на целото семејство, барем толку колку што влијае на нас.

На мајките им треба масажа. Но, што всушност ни прави масажата?

Масажата нуди многу повеќе од само опуштање. Всушност, таа го зголемува серотонинот и допаминот, оние сјајни хормони поради кои се чувствуваме добро и кои сакаме да ги доживуваме секој ден, по цело време. Затоа, по долгата и убава масажа, се чвуствуваме опуштено.

Ако не сакате стресот и фрустрацијата да влијаат на вас, мора да се ослободите и да почнете да се грижите за себе и своето тело. Еден од најдобрите начини да го постигнете тоа е масажата која трае околу еден час. Тоа не е себично! Не е несериозно од ваша страна! Не можете да побегнете од хиените кои знаат да се пробудат во вас, но можете да направите некои вистински работи за себе. Закажете масажа уште веднаш!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close