Градинка
Митови за децата единци: Шефови, разгалени, осамени…?!
Зошто луѓето имаат поинакви гледишта за децата кои немаат брат или сестра?
Децата кои растат без браќа или сестри никогаш не учат да делат, немаат развиено чувство на емпатија, разглаени се и секогаш земаат се’ за себе… Ова се само некои од стереотипите кои неоправдано ги следат децата кои растат во семејство која нема помлади или постари деца.
Психологт Сузан Њуман вели дека и денес најчести се митовите кои велат дека детето единец во семејството е разгалено, агресивоно, несоцијализирано или осамено.
Но, се чини дека најраспростанет мит е тоа дека децата единци се разгалени. Сепак, тоа не е правило, затоа што имаме доста примери каде што имаме разгалени деца, иако растеле во семејство каде што има повеќе помали или поголеми браќа и/или сестри.
Њуман вели дека бројни истражувања направени во последните 30 години ги побиваат митовите за децата единци и велат дека тие не се разликуваат од однесувањето на нивните врсници. Всушност, нивното однесување, во најголем дел, зависи од начинот на кој се одгледани.
Исто така често е присутен стериотипот дека децата единци им шефуваат на сите околу нив, но наредувањето на другите, исто како и разгланоста, еднакво постои и во семејството со повеќе деца. Децата тоа го прават доколку родителите им дозволат. Исто така бараат онолку колку што ќе им дозволат родителите, што не зависи од бројот на деца.
Посреќни се од децата кои имаат браќа/сестри?
Да се биде дете-единец носи и големи позитивни работи. Едно истражување спроведено во Велика Британија во 2010 година покажало дека многуте деца, жртви на малтретирањето од постарите браќа/сестри, биле длабоко несреќни, за разлика од децата-единци кои биле поштедени од такви искуства.
Експертите тврдат дека борбата за родителско внимание, поделбата на играчките и слично, може да биде причина зошто децата-единци се посреќни од децата со браќа или сестри.
Исто така, семејството не може да се избире, а некои деца никако не се сложуваат. Несогласувањата и кавгите, покажале истражувањата, многу стресно делуваат и на родителите, па тие честопати отстапуваат од обидот да ја подобрат ситуацијата и оставаат децата самите да го решат тоа.