Бебе

Митови за бебињата во кои веруваат многу родители

Кога ќе станете родители, ќе сфатите дека постојат многу празни верувања...

Поголем дел од времето, родителството се темели на верување на сопствените инстинкти, но може да биде збунувачко поради многу празни совети кои кружат веќе со години. Затоа, ви пренесуваме неколку работи за кои не морате да се грижите, а кои се издвоени како најчести митови во кои веруваат новопечените родители.

Ако е бебето ладно, ќе настине

Секако дека секој родител се грижи дали бебето ќе настине ако излезе на малку посвеж воздух, но, многу докази покажуваат дека подобро е да го облечете добро вашето бебе и да поминете одреден период на свеж воздух. Добро замотајте го и уживајте без грижа.

На бебињата им треба тишина за да спијат

Бебињата може да се навикнат да спијат кога е бучно. Запаметете дека тие поминале 9 месеци во мајчиниот стомак и биле навикнати на звукови, а еден лекар тврди дека бебињата не само што се навикнати на звуци, туку и ги сакаат.

Бебето треба да се бања секој ден

Родителите честопати се прашуваат колку често треба да го бањаат своето новороденче. Треба да се има на ум дека бебето не поти исто како и возрасните и нема неугоден мирис, така што нема потреба да го бањате секој ден. Ако сепак тоа е дел од вашата рутина, не заборавајте да ја хидрирате бебешката кожа со производи кои му одговараат.

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close