MAMA

Мајко, остави го тој телефон!

Има една работа која не ги мачела претходните генерации, а тоа е телефонот.

Денес каде и да одиме сме поврзани на интеренет, па постојано ги следиме најновите вести, но многу почесто времето го минуваме на социјалните мрежи, гледајќи што споделиле нашите пријатели, кој каде бил, со кого… И ова се случува секој ден, уште од самото будење. Се будиме со телефонот во рака и ги проверуваме нотификациите од изминатите неколку часа кои ни поминале во спиење.

Кога си мајка, немаш многу време за себе, зашто е потребно да му се посветиш на своето дете. Но, многу мајки сепак наоѓаат некој момент во кој бебето е мирно и се обидуваат набрзина да ги прелистаат најновите случувања на социјалните мрежи. Иако постојат и такви кои се обидуваат да го намалат користењето на телефонот пред своето дете, сепак, на многумина и не им успева.

Телефонот нуди многу, нуди можност да побегнеме од секојдневието барем за миг, и да ѕирнеме во нечиј туѓ живот. Но, иако нуди многу, тој одзема УШТЕ ПОВЕЌЕ.

Одзема време поминато со вашето малечко. Можеби ќе го направи и првиот чекор, но нема да го видите зашто ќе ве интересира со колку пријатели Марија го пие неделното кафе. Можеби за прв пат ќе го изговори зборот „мама“, но вие нема да слушнете, затоа што ќе ги броите лајковите на сликата на Ана…

Мајко, остави го тој телефон! Направи кутија во ходникот каде што ќе го оставаш телефонот и нема да го допираш одредено време. Вети си дека ќе се јавуваш само доколку е итно, за друго и не ти е потребно. Биди присутна во моментот и не ја фотографирај секоја насмевка и секоја нова поза на твоето малечко.

Дозволи си спомените да се сочуваат во твојата глава, а не во тој мал апарат кој утре можеби и ќе го немаш. Биди присутна и не дозволувај љубопитноста за туѓото секојдневие да ти ги скрати моментите со твоето малечко, со твоето семејство, со твоите сакани…

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close