Брак

Комуникацијата е важна: Зборувате ли со партнерот за овие неколку работи во бракот?

Комуникацијата е клучна за се'.

За изградување на здрави и трајни односи помеѓу партнерите, главна компонента отсекогаш била комуникацијата. Постојат неколку работи за кои мора да разговарате со вашиот партнер, а во продолжение подгледнете за што станува збор.

Заедничката иднина

Вашите заеднички планови, каде се гледате после неколку години…

Финансиски прашања

Дали и кога може да се штеди? Како да се заработи повеќе? Од што може да се скрати при трошењето?

Вашите потреби и барања

Што очекувате во бракот? Што е тоа без што не можете да живеете?

За интимноста

Што ви одговара, а што не? Желбите за тоа како сакате да се одвива интимниот брачен живот и сл.

Другите луѓе

Вашето опкружување понекогаш значи многу. Разговарајте за тоа кои ви се блиски, на кои можете да се потпрете, а кои само ве злоупотребуваат.

Развојот и растот на личноста во бракот

Ако сте се омажиле, тоа не значи дека сте престанале да живеете. Зборувајте и поддржувајте се еден со друг во развојот на вашите ментални и физички способности.

Проблеми

Сопружниците мора да бидат упатени во проблемите кои ги имаат како поединци. Вашиот сопружник мора да биде ваш најдобар пријател.

На крај, запаметете: Не постои совршен брак. Секој однос бара макотрпна работа и труд, но со вистинската личност ТОА НЕ Е ТЕШКО!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close