Кафе муабет
Како мачките ни го продолжуваат животот?
Помеѓу мачките и нивните сопственици, постои посебна, „лековита“ врска.
Верувањето дека мачките се себични и само сакаат галење и внимание – не е точна. Истражувањата покажале дека помеѓу нив и сопствениците постои посебна, „лековита“ врска.
Имено, личностите на кои мачките им се домашни миленичиња, ретко доживуваат мозочен удар, затоа што играњето и размената на нежности со нив го смирува организмот. Докажано е дека и децата кои од мали нозе растат со нив, помалку се подложни на астма.
Освен тоа, овие слатки животни може со денови да лежат со болниот сопственик, чекајќи да оздрави. Меките, ритмички вибрации кои ги испуштаат додека предат, ја смируваат болката на сопственикот. Исто така се и многу забавни, па честоапти ги засмеваат сопствениците, им го подобруваат расположението и го ублажуваат стресот.
Мачешкото предење влијае на зараснување на раните, макар што научниците се’ уште немаат откриено како настанува тој звук, кој на некој начин има благотворно дејство врз човекот. Истражувањата покажуваат дека сопствениците на мачки во просек имаат помалку симптоми на стрес. На второ место се сопствениците на куче. Најподложни на стрес се луѓето без домашни миленици.
Па, размислувате ли за некое домашно милениче? Сигурно ви помогнавме во изборот!