Градинка
Како да го смирите и да му помогнете на детето кое постојано плаче?
Децата чувствуваат исти емоции како и возрасните, но ги изразуваат на различен начин.
Децата ги изразуваат емоциите на таков начин што плачат, си ја тегнат косата, викаат, се караат со родителите, браќата и сестрите. Но, во таквите моменти многу е важно родителите да ги спречат таквите моменти и да им помогнат на децата да ги надминат тие моменти.
Препознавање на таквото однесување
Дури и најдобрите родители знаат да имаат проблеми и да го држат постојано истиот дневен распоред. Секоја препрека во детскиот живот влијае на нивното ментално здравје. Но, кога родителите се под стрес и се нетрпеливи, најверојатно дополнително ќе ги стреснат своите деца, при што се создава магичен круг.
Родителите мора да се обидат да се поврзат со децата, па децата да им признаваат кога имаат проблеми. Прашајте го детето што размислува, што чувствува, за да може да ги разберете нивните постапки. Бидете искрени со вашите деца, за да не ја изгубите нивната доверба. Не дозволувајте децата постојано да се плашат од се’ и да мислат секогаш нанајлошото.
Најважно е помеѓу вас да пставите цврста врска и да ги опуштите децата, да правите да се чувствуваат добро. На тој начин ќе го промените и нивниот социјален живот, а децата ќе се чувствуваат посигурни и посреќни.
Уште од мали нозе треба да го учите детето да се спревува со емоционалната интелитенција. Започнете со именување на емоциите кои ги среќавате во книгите, омилените тв емисии или филмовите. Разговарајте и објаснете ги чувствата така што децата ќе може да ги препознаат и своите емоции.
Времето за игра за децата исто така е момент за опуштање со родителите и тогаш може да споделувате уште многу работи. Продолжете со разговорите за чувствата, така што на крајот од денот ќе ги прашувате децата кога последен пат почувствувале одредено расположение.