Кафе муабет

Како да ги искористите лушпите од јајца? Никако не фрлајте ги!

Не фрлајте го ова „суво злато“.

Лушпата од јајце не е само сад кој во себе крие жолчка и белка, туку е доказ дека природата се погрижила за се’, па направила совршено пакување.

Посадете семе во нив

Наместо мали пластични кутии за расад, искористете ја лушпата од јајцето. Едноставно е: наполнете ја со земја, посадете семе и кога ќе порасне, заедно со лушпата посадете го во градината. Лушпата на семето ќе му овозможи калциум и со текот на времето ќе се распадне и разгради во земјата.

Храна за диви птици

Ако имате куќичка за птици на дрвото и во неа им ставате храна, притоа со семето додајте им лушпи од јајца.

Додајте лушпи од јајце во утринското кафе

Лушпите од јајца добро измијте ги, па испечете ги во рерна на 100 степени. Потоа смелете ги колку што можете поситно и тој прав додајте го во подготовката на домашно кафе. Освен што во телото ќе внесете калциум, лушпите од јајца ќе го подобрат вкусот на кафето.

Додајте лушпи од јајце во супата

Супата од коски е многу користна, но ако во неа додадете и прав од лушпи од јајца, верувајте дека ќе добиете витаминска бомба. Освен калциум, лушпата од јајце содржи и магнезиум, селен, цинк, железо и фосфор. Ова нема да го промени вкусот на супата, а хранливоста ќе биде уште поголема.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close