Дом и семејство
Како би требало да изгледа вашиот дом кога имате деца?
Мајко, не извинувај се за нередот во твојот дом.
Жено, твојата куќа не е неуредна, твојата куќа е беспрекорна. Имаш поставено чаши и чинии за госит. Играчките од децата ти се расфрлани на тепихот, кој, притоа кажано, не е полн со трошки. Сериозно, мајко, мора да престанеш да се извинуваш за тоа каков е твојот дом.
Време е да поставиш некои граници и да сфатиш што е нормално. Се прашуваш што е нормално?
Па, нормално е во твојата куќа да постои соба која секогаш е пренатрупана со работи и која е неуредна. И да, таа никогаш нема да биде целосно чиста. Нормално е детските играчки за бањање да бидат токму онаму каде и што истекува водата од кадата.
Нормално е твојата кујна да биде во постојан неред, да имаш полно садови, масата секогаш да е расфрлана, а и да не можеш да ги најдеш половина од работите. Нормално е да не го гледаш подот во автомобилот, зашто е преполн со секакви детски играчки и работи… а каде инаку би ги фрлиле влажните марамици? Брзата храна? Пелените? Нормално е повторно да заборавиш да го фрлиш ѓубрето, па да имаш преполни корпи.
Доволно е да бидете заедно, да бидете среќни, па престанете да се извинувате или барем еднаш преминете преку тој срам, па повикајте ги на гости вашите пријатели, не срамете се. Сите мајки сме во ист брод. Нема да ги гледам твоите несовршености, ако и ти не ги гледаш моите.