MAMA
Истражување: Татковците се посреќни од мајките, а еве и зошто
Татковците се посреќни додека се грижат за децата, за разлика од мајките.
Едно ново истражување во Калифорнија нагласува уште еден аспект во поделбата помеѓу мајките и татковците, па и пошироко, помеѓу мажите и жените. Истражувањето го проучувало емоционалното здравје на 18.000 луѓе и се споредувале неколку карактеристики како среќа, благосостојба, стрес и депресија.
Едно истражување ги споредувало родителите со и без деца и се открило дека татковците се посреќни отколку нивните врсници без деца. Друго истражување споредувало татковци со мајки и нивното ниво на среќа во одгледувањето на децата. Се чини дека татковците се посреќни додека се грижат за децата, отколку што се мајките.
Се прашувате која е причината? Резултатите тврдат дека татковците, многу почесто за разлика од мајките, си играат со децата.
Но, жените и поантаму носат поголем товар за разлика од мажите. Од 18.000 парови кои учествувале во истражувањето, многу од нив делат еднакви домашни обврски. Но, во текот на последните години многу се зборува за невидливот товар кој го носат мајките и жените, па дури и во домовите во кои се делат куќните работи, повеќето емоционални товари паѓаат токму на жените.
Жените и понатаму се одговорни за водење сметка кога нешто треба да се случи, како ќе се изведат работите, со кој, кога… Тоа само по себе е голема задача која задава многу стрес. Меѓутоа, се работи за невидлив товар па површно може да изгледа дека домашните обврски се еднакво поделени помеѓу паровите.